Промовирани огласи »

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија го објави одржувањето на првата Парада на гордоста на скопските улици во последната сабота од јуни.

Со оваа најава Ирена Цветковиќ ја отвори денешната прес конференција, истакнувајќи ја важната улога која медиумите ја имаат во заедничката борба за праведно општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на сите граѓанки и граѓани, вклучително и ЛГБТИ заедницата.

Антонио Михајлов ја нагласи потребата од што е можно поголема поддршка и активно учество од сите чинители: политичари, јавни личности, активисти, уметници на Парадата на гордоста, солидаризирајќи се со ЛГБТИ луѓето. Парадата на гордоста креира простор кој еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет итн.

Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето - изјави Кочо Андоновски. Северна Македонија е последната земја од регионот која организира Парада на гордоста.

Во текот на наредниот месец редовно ќе ја информираме јавноста за деталите околу одржувањето на Парадата, точната локација, маршрута и време.

Промовирани огласи »

Цените на криптовалутите повторно летаат во небо, а вистинско лудило предизвикаа приказните дека „eBay“ може да воведува тргување со дигитални пари.

Цените на биткоинот надминаа 7200 евра, а само во една недела оваа валута доби на вредност скоро 2000 евра.

Посетителите на Конзензус, тридневната конференција посветена на криптовалути, во организација на Коиндеск, еден од најголемите медиуми во светот, кој се занимава со дигитални пари и блокчеин, имале прилика да ги видат и ркеламите на „eBay“.

Се верува дека и тој планира да влезе во бизнисот.

Прифаќањето на криптовалути од трговците како што е „eBay“ би било голем чекор напред во идентификација на криптовалути како полни алтернативи на еврото и доларот. Уште нема официјални соопштенија на трговците за ова, но по мислење на многумина, само е прашање на време кога тоа ќе се случи.

Високиот раст на криптовалутите ги изненадило и најголемите позанвачи, бидејќи ситуацијата на пазарот е далку од розева. Минатата недела хакерски напад го намали прометот на најголемата светска криптоменувачница „Binance“.

Промовирани огласи »

Од 1 јули минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 222 евра. 

Ова е договорено на седница на социјалниот совет. Но, ќе има и преговори до крајот на годината тој да се зголеми на половина од просечната плата, односно 250 евра. 

Владата предложи зголемување на просечната плата за 15% на 222 евра. 

Претходно минималецот беше 193 евра. За споредба, во Европската Унија минималецот е на 40% од просечната заработка. 

Промовирани огласи »

Државата има начин да ги задржи лекарите во земјава. 

Субвенции за специјализации по семејна медицина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека примарната здравствена заштита е столбот на здравствениот систем и дека заедно со Светска банка и Светската здравствена организација направиле теренска снимка, по што утврдиле дека во одредени региони фалат повеќе од 350 матични лекари. Вели дека еден од начините за да се унапреди примарната здравствена заштита е стимулирање на семејната медицина, а акцент да се стави на превентивните програми.

Филипче рече дека следната недела со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе излезат со информација околу барањата на Здружението на приватните лекари за зголемување на капитацијата и вредносниот бод по кој се плаќаат избраните лекари, за што претходно кажа дека со ФЗОМ се договориле тоа прашање да се решава 2020 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »