Промовирани огласи »

Цените на криптовалутите повторно летаат во небо, а вистинско лудило предизвикаа приказните дека „eBay“ може да воведува тргување со дигитални пари.

Цените на биткоинот надминаа 7200 евра, а само во една недела оваа валута доби на вредност скоро 2000 евра.

Посетителите на Конзензус, тридневната конференција посветена на криптовалути, во организација на Коиндеск, еден од најголемите медиуми во светот, кој се занимава со дигитални пари и блокчеин, имале прилика да ги видат и ркеламите на „eBay“.

Се верува дека и тој планира да влезе во бизнисот.

Прифаќањето на криптовалути од трговците како што е „eBay“ би било голем чекор напред во идентификација на криптовалути како полни алтернативи на еврото и доларот. Уште нема официјални соопштенија на трговците за ова, но по мислење на многумина, само е прашање на време кога тоа ќе се случи.

Високиот раст на криптовалутите ги изненадило и најголемите позанвачи, бидејќи ситуацијата на пазарот е далку од розева. Минатата недела хакерски напад го намали прометот на најголемата светска криптоменувачница „Binance“.

Промовирани огласи »

Од 1 јули минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 222 евра. 

Ова е договорено на седница на социјалниот совет. Но, ќе има и преговори до крајот на годината тој да се зголеми на половина од просечната плата, односно 250 евра. 

Владата предложи зголемување на просечната плата за 15% на 222 евра. 

Претходно минималецот беше 193 евра. За споредба, во Европската Унија минималецот е на 40% од просечната заработка. 

Промовирани огласи »

Државата има начин да ги задржи лекарите во земјава. 

Субвенции за специјализации по семејна медицина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека примарната здравствена заштита е столбот на здравствениот систем и дека заедно со Светска банка и Светската здравствена организација направиле теренска снимка, по што утврдиле дека во одредени региони фалат повеќе од 350 матични лекари. Вели дека еден од начините за да се унапреди примарната здравствена заштита е стимулирање на семејната медицина, а акцент да се стави на превентивните програми.

Филипче рече дека следната недела со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе излезат со информација околу барањата на Здружението на приватните лекари за зголемување на капитацијата и вредносниот бод по кој се плаќаат избраните лекари, за што претходно кажа дека со ФЗОМ се договориле тоа прашање да се решава 2020 година.

Промовирани огласи »

Работодавачите мора систематски да го регистрираат работното време на своите вработени – така одлучи Европскиот суд за сите земји членки на ЕУ.

Со најновата одлука на Европскиот суд во Луксембург, работодавачите се обврзани систематски да го бележат работното време на своите вработени. Само на тој начин, според судот, може да се гарантира почитување на дозволеното работно време.

Инаку, на оваа пресуда и претходеше спор помеѓу Deutsche Bank и синдикатот CCOO во Шпанија. Досега во Шпанија, работодавачите беа обврзани да ги бележат само прекувремените работни часови на што синдикатот реагираше дека прекувремената работа може да се евидентира точно само ако биде евидентирано и регуларното работно време.

Поради пропустот во законот, во Шпанија не се евидентираат повеќе од половина од прекувремените работни часови.

Судот ја образложи својата одлука преку насоките на ЕУ за работното време, насоките за сигурност и здравје на работниците и повелбата за темелни права на ЕУ.

Имено, во неа стои дека “основно право на секој работник е ограничување на максималниот број работни часови и дневни и неделни паузи за одмор“.

По оваа одлука, земјите членки на ЕУ се задолжени во следниот период да донесат соодветна регулатива за регулирање на работното време.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »