Промовирани огласи »

Од 1 јули минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 222 евра. 

Ова е договорено на седница на социјалниот совет. Но, ќе има и преговори до крајот на годината тој да се зголеми на половина од просечната плата, односно 250 евра. 

Владата предложи зголемување на просечната плата за 15% на 222 евра. 

Претходно минималецот беше 193 евра. За споредба, во Европската Унија минималецот е на 40% од просечната заработка. 

Промовирани огласи »

Државата има начин да ги задржи лекарите во земјава. 

Субвенции за специјализации по семејна медицина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека примарната здравствена заштита е столбот на здравствениот систем и дека заедно со Светска банка и Светската здравствена организација направиле теренска снимка, по што утврдиле дека во одредени региони фалат повеќе од 350 матични лекари. Вели дека еден од начините за да се унапреди примарната здравствена заштита е стимулирање на семејната медицина, а акцент да се стави на превентивните програми.

Филипче рече дека следната недела со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе излезат со информација околу барањата на Здружението на приватните лекари за зголемување на капитацијата и вредносниот бод по кој се плаќаат избраните лекари, за што претходно кажа дека со ФЗОМ се договориле тоа прашање да се решава 2020 година.

Промовирани огласи »

Работодавачите мора систематски да го регистрираат работното време на своите вработени – така одлучи Европскиот суд за сите земји членки на ЕУ.

Со најновата одлука на Европскиот суд во Луксембург, работодавачите се обврзани систематски да го бележат работното време на своите вработени. Само на тој начин, според судот, може да се гарантира почитување на дозволеното работно време.

Инаку, на оваа пресуда и претходеше спор помеѓу Deutsche Bank и синдикатот CCOO во Шпанија. Досега во Шпанија, работодавачите беа обврзани да ги бележат само прекувремените работни часови на што синдикатот реагираше дека прекувремената работа може да се евидентира точно само ако биде евидентирано и регуларното работно време.

Поради пропустот во законот, во Шпанија не се евидентираат повеќе од половина од прекувремените работни часови.

Судот ја образложи својата одлука преку насоките на ЕУ за работното време, насоките за сигурност и здравје на работниците и повелбата за темелни права на ЕУ.

Имено, во неа стои дека “основно право на секој работник е ограничување на максималниот број работни часови и дневни и неделни паузи за одмор“.

По оваа одлука, земјите членки на ЕУ се задолжени во следниот период да донесат соодветна регулатива за регулирање на работното време.

Промовирани огласи »

Моника Ризовска го сподели нејзиното богато искуство во IT светот и инспиративната приказна со нас. Во моментот таа е менаџер за маркетинг и комуникации во Космик Девелопмент.

  • Во моментот сте ангажирани во Cosmic Development како менаџер за маркетинг и комуникации, колку од Вашите идеи се издржливи и дали мислите дека се вистински патоказ за успешно менаџерство?

Ниедна идеја не е издржлива ако нема кој да ја реализира. Сакам и прифаќам предизвици но неспорно круцијална е тимската работа и резултатите зошто без нив џабе е целиот труд. Скоро невозможно ќе беше без тимска работа и добра координација да се заврши комплетно ребрендирање во сите 4 локации во Канада, Македонија и Србија како и со селење и отворање на поголеми канцеларии наизменично во неполни 6 месеци. Во Cosmic Development нема хиреархија, тимот е составен од самоиницијативни луѓе кои сакаат да растат и и имаат голема љубов кон работата. Не постојат „мои вработени“, а и јас не сум „нивен менаџер“. Сите имаме иста цел, а се разликуваме по експертизата и одговорностите. Среќна сум што сум опкружена со луѓе со кои растам, приватно и професионално. Секојдневно учиме едни од други, особено јас од Рајан (CEO). Од Влад (CTO), секој може да учи. 

  • Номинирана сте за успешна и инспиративна жена од UN Women за Југоисточна Европа, како го постигнавте овој успех?

Најдраги се тие номинации кои најмалку ги очекуваш, а се предлог од лица што не ги познавате бидејќи даваат до знаење дека дури и навидум за нас “мали нешта” некој ги гледа и вреднува. По природа сум многу самокритична и сметам дека треба уште многу многу работа и посветеност за да се потврди ваков тип на номинација но верувам дека наскоро ќе го оправдам ова признание кое неспорно мотивира и многу значи. 

Успехот го должам во целост на тимот и членовите на Women in Tech Macedonia, волонтерска организација која ја започнавме со многу искрена намера - да помогнеме и да споделуваме и овозможуваме можности за сите девојки и жени што се на прагот за избор на кариера или промена во ИТ кариера како и за жени во ИТ што сакаат да споделуваат и да одвојат дел од своето време за менторство на останатите членови. Не очекувавме толку голем ентузијазам и желба. Денес WiT има над 50 локални амбасадори од сите градови и над 2000 членови меѓу кои имаме и машки на што особено сме горди и ни се значајни бидејќи несебично ни помагаат во споделување на знаење и реализација на идеите. Позитивна промена настанува кога сите страни се инволвирани и се желни да си помогнат едни со други.

  • Кој е Вашиот пристап како јавен говорник во бројните настани во кои учествувате? 

Секое предавање е различно и го спремам со посебна енергија и љубов. Гледам да дојдам порано со цел да имам време да поразговарам и да ја запознаам лично публиката, да слушнам кои се очекувањата и да осетам што дополнително стварно ќе им се најде и спремна сум за флексибилност и прилагодување. Битно е да ја осеќаш публиката и да има конекцијата/“клик” и сакам кога од што е интересно “лета времето”. Уживам кога давам од себе и растам луѓе и секогаш давам простор за интеракција и понатамошна комуникација.

  • Како го гледате развојот на IT индустријата во Македонија?

Оптимистички во однос на развивањето а се надевам и во задржувањето на тие кадри.
Дечиња од свои 6 год. учат STEM предмети преку иновативни методи, програмираат роботчиња,  прават веб страни и изучуваат Phyton. Полека но сигурно се градат квалитетни и добро обучни кадри. Недостигот на ИТ кадри поттикна зголемена соработка помеѓу ИТ компаниите со државните факултети и приватните академии, а со тоа се приспособија програмите кон новите технологии и потребите на ИТ компаниите. Постојат групи, организации и асоцијации за споделување на знаење и поддршка, има бесплатни настани, конференции и работилници па сите што размислуваат за кариера во ИТ постојано имаат можност да експериментираат и изучуваат нови технологии. Се зголемија инвестициите во старт-ап заедницата и одлично е што постојат повеќе coworking места, инкубатори и акцелератори како и научно-технолошки паркови.
Верувам дека ова ќе придонесе кон генерации кои ќе бидат максимално приспособливи на барањата од пазарот и постојано ќе инвестираат во своето знаење.

  • Дали може да ни опишете еден Ваш работен ден?

08:00-09:00 - Не сум утрински човек иако обожавам утра и изгрејсонца. Пред да заспијам, си го планирам денот и не користам аларм. Се истегнувам, пијам сок од лимон и нане и се пoдготвувам за работа.
09:00-10:00 - Кога ќе стигнам во канцеларија ритуал ни е да да доручкуваме и пиеме кафе заедно со колегите. 
10:00-16:00 - Започнувам со работа и состаноци со тимот. Ме исполнува уникатноста на секој настан, кампања, проект или задача. Тоа носи несекојдневност и возбуда. Не би можела да работам репетитивна и досадна работа, иако ги почитувам бескрајно оние на кои им успева тоа.

16:00-17:00 - Последните саати од работното време ги вложувам за себе и мојот личен раст. Читам новости, се дообучувам, сертифицирам, разгледувам конференции и си го планирам следниот период и патувања.
17:00-19:00 - Завршувам со работа и одам на afterwork средба со најблиските. 
19:00- … - Штом стигнам дома се посветувам на моето хоби - уметноста. Влегувам во своето ателје, си пуштам музика или аудио книга и започнувам со цртање. Уживам во времето за себе, во звукот на покрети со четка и мирисот на боја.

  • Вие како успешна млада девојка како ги поддржувате и инспирирате девојките и жените кои сакаат да бидат дел од светот на технологијата? Која е Вашата препорака?
  1. Да бидат љубопитни и постојано да учат и инвестираат во своето знаење.
  2. Да прифаќаат предизвици.
  3. Да се опкружат со инспиративни луѓе покрај кои ќе растат.
  4. Да ценат и да се ценат. 
  5. Да сакаат и да си го слушаат “внатрешниот глас”.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »