Промовирани огласи »

Утре Европската централна банка ќе ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и 200 евра.

Банкнотите се последните во низата кои се редизајнирани по оние во апоени од пет, десет, дваесет и педесет евра, со оглед на тоа дека банкноти од 500 евра веќе нема да се штампаат.

Сите банкноти од серијата „Европа" имаат подобар дизајн и подобри елементи за заштита. 

Банкнотите од 100 и 200 евра беа претставени во Франкфурт. 

На банкнотите се ставени делови од имиџот на Европа, прекрасните феникиски принцези и пријателите на Зевс, по што е именуван Стариот континент.

Новиот карактер на банкнотите ќе биде со мал симбол евро (€), што треба да помогне во заштита против фалсификување, за побрза идентификација доколку се фалсификува банкнотата.

Промовирани огласи »

Ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија. Пратениците воедно предлагаат и промена на името на законот, во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Образложението за воведување на десет нови празници е дека во Македонија покрај заедниците кои таксативно се набројуваат во Преамбулата на Уставот, врз основа на податоците од последниот попис на населението, живеат уште и припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Полјаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците. Овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет.

Со усвојување на предложените изменувања и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата. Во рамките на духот на градењето на концептот за развој на едно општество за сите и оваа категорија на граѓани ќе бидат рамноправни и со еднакви можности со останатите граѓани кои имаат право да имаат свој неработен ден, што е значаен за соодветната сопствена историјата, културата и идентитетот на посебната заедница.

Се предлага неработени да бидат 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.

  • 15 март, национален ден Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.
  • 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.
  • 24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.
  • 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.
  • 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.
  • 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.
  • 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.
  • 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.
  • 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.

Предлогот за измени на Законот за празниците веќе е доставен до Собранието, а на него се потпишани пратеници од сите пратенички групи.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, пресметувајќи според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите, го објави новиот ценовник што ќе важи во следните седум дена.

Од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 100“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.

Од Комисијата наведуваат дека ако трговците и оваа недела самите ги пресметуваа малопродажните цени, цената на бензините ќе останеше непроменета додека дизелот ќе поевтинеше за еден денар.

Главни критериуми во формирањето на цените и натаму ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.

Промовирани огласи »

Нептун Македонија ја лансираше првата бесплатна мобилна апликација во Македонија за онлајн шопинг на апарати за домаќинство, бела техника, телевизори, смартфони, компјутери и останати апарати кои се во нивното портфолио.

Онлајн купувањето никогаш не било полесно! Преку вашиот смартфон може да ги погледнете сите производи, да ги изберете и платите и истите да ви бидат доставени до вашиот дом или пак да ги подигнете од 25-те Нептун продавници ширум Македонија.

Придобивка плус и голем напредок во онлајн купувањето во државава е овозможувањето на купувачите кои се дел од лојалната програма “haPPy” да можат да ги користат бенефициите и онлајн. Тоа се: повластените “haPPy” цени (цените со попуст), добивање и користење на наградните поени и стекнувањето на нивоа на лојалност. Со најавувањето на вашиот “haPPy” акаунт ќе имате увид во: набавените производи, добиените поени, нивото на лојалност и вашата "haPPy" картичка во дигитална форма.

Со мобилната апликација бидете секогаш во тек со промоциите на Нептун. За секоја голема промоција ќе добивате нотификација на вашиот смартфон! Симнете ја NEPTUN мобилната апликација на линковите:

Play Store: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.neptun.neptunapp

App Store: https://itunes.apple.com/us/app/neptun-makedonija/id1459509929?mt=8

Со NEPTUN - Мобилната апликација потрошувачите ќе може:

• да ги разгледуваат производите и брзо и едноставно да купуваат онлајн

• да се информираат за акции и промоции

• да добиваат Push нотификации за новости, акции, промоци и за стекнат нов “haPPy”ваучер

• преку вграден “barcode reader” во апликацијата ќе може со скен на баркод на одреден производ од портфолиото да го разгледаат детално и во дигитална форма

• да имаат увид во својот online haPPy акаунт: haPPy поени за ваучери и haPPy поени за нивоа на лојалност

• во својот online haPPy акаунт членовите на haPPy лојалната програма ќе ја имаат својата “Дигитална happy картичка”

Нептун Македонија е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптопи, телефони, производи за нега и убавина, апарати за ладење и греење. Нептун 20 години е присутна на македонскиот пазар и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, Нептун долго време е апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија е дел од групацијата „Балфин" која во Македонија е актуелна со изградбата на трговскиот центар “East Gate”.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »