Промовирани огласи »

Од утре нема да бидат дозволени кеш плаќања во вредност над 500 евра. 

Ова е обврска од законот за спречување перење пари и финансирање тероризам во кој лани со посебна уредба се ограничи висината на кеш плаќањата. Ова значи дека ако утре појдете во некоја продавница за бела техника на пример, и одберете производ кој чини 35.000 денари нема да може да го платите во готово туку само на картичка или на уплатница во банка. 

Токму поради тоа досега реагираа и дел од сопствениците на вакви маркети, кои тврдеа дека е можно да им се намали прометот оти прагот е низок. Своја реакција имаа и стопанските комори, но законодавецот не попушти. Спуштањето на максималната сума дозволена за плаќање вокеш се пртавда со потребата да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет на пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија, а граѓаните во кеш да купат само нешто ситно.

 Во јануари годинава сумата прво се спушти од 2.000 евра на 1.000 евра, а од утре тој праг ќе се намали на само 500 евра.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. 

Промовирани огласи »

Иако се најавуваше дека до крај на месец мај ќе биде пуштен за сообраќај автопатот Миладиновци - Штип, сепак не се случи тоа. 

На автопатот сè уште се работи, а возачите се нестрпливи.

На социјалните мрежи бројни се коментарите, кои преминуваат во иронија. Дали се чека слободна музика, прашуваат возачите со потсмев. 

Според изјавите на надлежните градежните работи биле завршени уште во декември лани, на три места ќе има  сообраќаен режим бидејќи ќе се градат пристапните патишта до околните места кои не биле во проектот. Исто така, преку тендер во тек е избор на изведувач и за други позиции на трасата кои се неопходни, а не биле предвидени со проектот, како што се на пример погрешно изведените сливници. Во моментов се поставува заштитната ограда покрај патот, а летово ќе се градат двете предвидени патарини.

Овој автопат долг 48 километри, по кој од главниот град до Штип ќе се стигнува за околу 45 минути почна да се гради во 2014 година со најава дека ќе биде готов до мај 2017 година. Но, тогаш беа завршени градежните работи на половина од патот, па пуштањето е најавувано и откажувано уште неколку пати.

Промовирани огласи »

Цена на патарините на јужниот дел на Коридорот 10 уште некој период ќе остане иста. Според неофицијалните најави, од 1-ви јули таа ќе порасне, односно ќе почне наплата на неодамна отворениот дел од автопатот низ Грделичката Клисура.

Како што пренесуваат српските медиуми, патниците што ќе патуваат од Прешево ќе треба да плаќаат патарина во износ од 420 динари. За оној што ќе патува од Прешево до Белград, таа ќе изнесува 1.430 динари, додека моменталната цена е 1.090 динари.

Она што е сигурно, поврзано со овој дел од автопатот е дека брзината на движење на возилата е ограничена на 100 километри на час на патувањето, односно на 80 километри во тунелите, иако србскиот закон за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидува максимална брзина на движење со 130 километри на час.

Наведеното ограничување на овој дел од автопатот е такво заради безбедноста на сите патници, бидејќи новата делница е комплицирана и состои од 36 мостови, 2 најголеми тунели, а трасата на автопатот на неколку наврати преминува од една на друга страна на реката Јужна Морава, премостувајќи го главниот и регионалниот пат, како и меѓународната железничка линија, велат од државната компанија која управува со патиштата во Србија.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава во текот на викендот, 1 и 2 јуни.

Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на на 3 јуни, понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »