Промовирани огласи »

Иако се најавуваше дека до крај на месец мај ќе биде пуштен за сообраќај автопатот Миладиновци - Штип, сепак не се случи тоа. 

На автопатот сè уште се работи, а возачите се нестрпливи.

На социјалните мрежи бројни се коментарите, кои преминуваат во иронија. Дали се чека слободна музика, прашуваат возачите со потсмев. 

Според изјавите на надлежните градежните работи биле завршени уште во декември лани, на три места ќе има  сообраќаен режим бидејќи ќе се градат пристапните патишта до околните места кои не биле во проектот. Исто така, преку тендер во тек е избор на изведувач и за други позиции на трасата кои се неопходни, а не биле предвидени со проектот, како што се на пример погрешно изведените сливници. Во моментов се поставува заштитната ограда покрај патот, а летово ќе се градат двете предвидени патарини.

Овој автопат долг 48 километри, по кој од главниот град до Штип ќе се стигнува за околу 45 минути почна да се гради во 2014 година со најава дека ќе биде готов до мај 2017 година. Но, тогаш беа завршени градежните работи на половина од патот, па пуштањето е најавувано и откажувано уште неколку пати.

Промовирани огласи »

Цена на патарините на јужниот дел на Коридорот 10 уште некој период ќе остане иста. Според неофицијалните најави, од 1-ви јули таа ќе порасне, односно ќе почне наплата на неодамна отворениот дел од автопатот низ Грделичката Клисура.

Како што пренесуваат српските медиуми, патниците што ќе патуваат од Прешево ќе треба да плаќаат патарина во износ од 420 динари. За оној што ќе патува од Прешево до Белград, таа ќе изнесува 1.430 динари, додека моменталната цена е 1.090 динари.

Она што е сигурно, поврзано со овој дел од автопатот е дека брзината на движење на возилата е ограничена на 100 километри на час на патувањето, односно на 80 километри во тунелите, иако србскиот закон за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидува максимална брзина на движење со 130 километри на час.

Наведеното ограничување на овој дел од автопатот е такво заради безбедноста на сите патници, бидејќи новата делница е комплицирана и состои од 36 мостови, 2 најголеми тунели, а трасата на автопатот на неколку наврати преминува од една на друга страна на реката Јужна Морава, премостувајќи го главниот и регионалниот пат, како и меѓународната железничка линија, велат од државната компанија која управува со патиштата во Србија.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или коригираат претпополнетата годишна даночна пријава во текот на викендот, 1 и 2 јуни.

Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на на 3 јуни, понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.

Промовирани огласи »

ВИП Ви нуди одлични услови за работната позиција SENIOR PROJECT MANAGER: https://kariera.mk/job/VnZ4dqzxE0WI5XrMvGj_xw/senior-project-manager

ЈУГОЕКСПОРТ СТИЛ го проширува својот тим на позицијата ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА / КОМЕРЦИЈА: https://kariera.mk/job/qMVRTkOZhEGx0fiUX3Z2Bg/personal-za-prodazhba-komercija

ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 27 земји ширум Европа вработува ТЕРЕНСКИ СОРАБОТНИК: https://kariera.mk/job/qPDnqQlnMUOi9gSO_fQeJQ/terenski-sorabotnik

CMX Solutions со отворено работно место за ПОЗНАВАЧИ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК. Одлична можност и за сите студинети кои одлично го владеат германскиот јазик: https://kariera.mk/job/XiaiblcooUOosLaKrOS8_g/rabotno-mesto-za-poznavachi-na-germanskiot-jazik

Адвокатско друштво ПОЛЕНАК вработува ВОЗАЧ со почетна нето плата од 20.000 денари: https://kariera.mk/job/zcsenMTTV0aQqXqDupipog/vozach

ОСТЕН АРТ ХОТЕЛ има потреба од РЕЦЕПЦИОНЕР/КА: https://kariera.mk/job/hE3p9tq8XU2iNc2Pl_OnyQ/recepcioner-ka

ПРИМА ГУСТО успешно работи на територијата на Македонија повеќе од шест години. Има потреба од РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО со работно место во ШТИП: https://kariera.mk/job/HrpTXqPKc0iQjZluZ2xWHA/rabotnik-vo-proizvodstvo

НОВОМАК е еден од најголемите дистрибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел. Има отворени повеќе работни места: https://kariera.mk/company/14C85XruLEa1Ace49FvoVg/novomak-dooel

Apollonia Hotel & Casino во ГЕВГЕЛИЈА вработува ГОТВАЧ СО ИСКУСТВО: https://kariera.mk/job/fLPNJ-P0A0atYHD8Xj5tAA/chef-de-partie-gotvach-so-iskustvo

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »