Теренски соработник

ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

 

Доколку сте прилагодливи, амбициозни, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

 

ТЕРЕНСКИ СОРАБОТНИК

 

Обврски и одговорности:

  • Посета на аптеки со цел воспоставување и одржување на партнерските односи
  • Одговорен за продажбите во доделениот регион
  • Наплата на побарувањата
  • Анализа на пазарот и изготвување на извештаи

 

Потребни квалификации, вештини и способности:

  • ВСС: Фармацевт, стоматолог или економист
  • Искуство во теренска продажба, комерцијално работење или веледрогериско работење ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Работното време е од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава  на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Рокот за пријавување е 7 дена од датумот на објавување на огласот.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »