Промовирани огласи »

Новиот предлог закон кој треба да биде донесен оваа недела,а  кој се крчка во германската владата повеќе од пет месеци, е владин одговор на долгогодишните поплаки од бизнис заедницата која е загрижена поради недостатокот на квалификувани ИТ-специјалисти и инженери во Германија, како и недостаток во бројни стручни професии. На остареното германско население итно му се потребни медицински персонал и негуватели.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер го претстави предлогот како „историска пресвртна точка“ кој определува јасни критериуми за доаѓање и работа во Германија.

Една од клучните точки на законот е укинувањето на членот според кој за секое работно место во земјата предност прво имаа државјани на Германија и на ЕУ.

Законот ќе им олесни на имигрантите со стручно образование да се доселат во Германија. Досега, германскиот систем ги фаворизираше оние со академски квалификации. Притоа, ќе биде дозволено за одредени категории под одредени услови, да дојдат во Германија за да се стекнат со стручен тренинг.

Опозицијата го критикуваше ограничениот опсег на законот, додека владата се правдаше дека не сака да дозволи „имиграција во социјалниот систем“.

Промовирани огласи »

Швајцарската валута во последните две години порасна на највисоко ниво во скоро две години.

На оваа валутна промена влијаел американскиот претседател Доналд Трамп, кога зазеде уште потврд став за трговијата кон другите земји посебно кон Кина, што ги навело инвеститорите да инвестираат во сигурни валути.

Како што пренесоа светските медиуми, швајцарскиот франк скокнал спрема еврото за повеќе од половина процент, на 1,1120 франци, на највисоко ниво од јули 2017, за потоа да се лизне најниско и го заклучи тргувањето со добивка од 0,2 проценти на дневно ниво.

Промовирани огласи »

На патот до успехот мааните не им сметаат, па личностите родени во овие два хороскопски знака обично се доста познати и успешни.

Дали е во прашање положбата на планетите кои го одредуваат полето на успехот во животот и способноста на раководните позиции, не е познато, но овие два хороскопски знаци дефинитивно се најдобри кога се работи за лидерска позиција.

Тие се родени лидери, авторитети, а со тоа и доста способни и знаат од своите подредени да го извлечат максимумот. И тие имаат по некоја маана, но на патот до успехот не им пречи, па личностите родени во овие два знака обично се познати и успешни.

Најизразени црти на водич во себе поседува Овенот. Главна карактеристика му е динамичноста, еланот и креативноста, но најголем проблем често претставува неговата тврдоглавост, промена на расположение и раздразливоста. Припадниците на овој знак се многу јасни во нивните барања, и ги поттикнуваат нивните вработени да го дадат најдоброто од себе, но со своите непромислени изјави можат да ги понижат и повредат. Оние кои се слични на нив имаат добар однос, но со оние кои се повлечени како работници – ним им следува ноќна мора.

Поради својата доминантна природа, Јарецот е роден за позицијата шеф! Сакаат ред, работа и дисциплина па уживаат да ги обучуваат своите вработени. Немаат страв од губиток на позицијата бидејќи се уверени дека се незаменливи, што дури е и можно поради нивната работохоличарска природа. Главна карактеристика им е способноста да го извлечат најдоброто од другите, како и да се изборат за подобра плата за сите, а маани им се тврдоглавоста, нечувствителноста и уверението дека сами знаат најдобро.

Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина.

Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »