Промовирани огласи »

Секој жител на Европа што се надеваше дека ќе завpши порамнувањето на времето два пати годишно, ќе мopа да се стрпи.

Имено, како што пренесува хрватскиот портал Index.hr, повеќето земји членки од ЕУ побараа дополнително време за во пракса да се примени yкинyвањето на помecтувањето на сказалките на часовникот по летно, односно зимнско сметање на времето, стои во документот кој го издаде романското претседателство со ЕУ.

Европскиот парламент ycвои одлука со која на крајот на март годинава се yкинyва поместувањето на часовникот, а на земјите членки на ЕУ оставено име да се усогласат до 2021 година, односно да се одлучат дали ќе го применуваат летното или зимското сметање на времето.

Но, државите членки истануваат неуcoгласени околку бројни прашања, а нивното одобрување е потребно за пpoмената да стигне на cилa. Поради тоа е закажана paсправа во ЕП, денеска, во четврток, кога ќе се состанат европските министри за сообраќај. Сепак, не се очекува никаква конечна одлука да биде донесена.

Романија, која претседава со унијата, пpeдупреди дека нeoпходно е да се усогласат сите ставови, на сите членки на ЕУ за да се спpeчат „paзноликостите на временските зони“ и да се осигypа правилното функционирање на единствениот пазар.

Промовирани огласи »

Vip продолжува да ја збогатува својата понуда и пред почетокот на летната сезона најавува атрактивна промоција за новите Vip Припејд корисници.

Со новата промоција, новите корисници кои ќе изберат Vip Припејд SIM-картичка од 299 денари со 1 SIM-картичка, или ќе изберат Vip Duo SIM пакет од 399 денари со 2 SIM-картички добиваат неверојатно 10GB интернет.

Дополнително, новите корисници добиваат и неограничени разговори во мрежата на Vip во првата недела од активацијата, 50 денари кредит ипакет Vip Пријатели, со кој корисниците имаат можност бесплатни разговори со сите Vip Припејд корисници занаредните 30 дена.

Пакетите не треба да се активираат автоматски, корисникот ги добива откако ќе ja активира SIM картичката, при што ќе биде известен со SMS.

Вклучените 10GB интернет при првичната активација се со важност за периодво првите 2 недели од активирањето, а по истекот на овој период автоматски ќе се активира месечниот пакет со 10GB интернет за 499ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во Vip за 79 ден. Пакетот Vip Пријатели се обновува автоматски по цена од 59 ден.

Воедно, сите постоечки Vip Припејд корисници исто така можат да го активираат Пакетот од 10GB интернет со испраќање на SMS на 1410 со текст START MESECEN 10GBза само 499 ден.

Оваа промоција важи ограничен временски период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk

Промовирани огласи »

 FORTON MKA/CUSHMAN & WAKEFIELD официјален лизинг партнер на Point Retail Park

Скопје и официјално го добива својот прв Retail Park - Point Retail Park. По примерот на европските метрополи, Point Retail Park е прв ваков тип на шопинг центар во Скопје.  Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

Point Retail Park се простира на нето  површина од 9500 м2, и 300 паркинг места, посетителите ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ , Д Спортска према и други. Исто така во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, банка, игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2. Ексклузивен лизинг агент за Point Retail Park е Forton MKA дел од Cushman & Wakefield. Според претставниците на Фортон МКА интересот за Point е огромен.

Бевме вклучени уште во дизајнирањето на проектот и започнавме со физибилити студија на која предвидовме retail park  и сме задоволни што проценките од пред 1 и пол година се остварија и сега имаме 100% исполнет retail park  со класа А закупци од макендонскиот пазар. Среќни сме што и закупците ги препознаа вредностите на еден Retail Park и кои се придобивките од истиот, изјави Влатко Богоевски CEO na FORTON MKA/ CUSHMAN&WAKEFIELD

Среќни сме што на Скопје и Македонија ќе им овозможиме да уживаат за прв пат во еден Retail Park. Point Retail Park  ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активности понудувајќи голем број на содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позициониран на највисоко место во регионот. - изјави Али Ќаили, сопственик на Али Тобако, инвеститор на Point Retail Park.

Отворањето на првиот Retail Park ‘Point’ е предвидено за 18 јули 2019.  

Промовирани огласи »

Кои се главните придобивки од новиот Закон за практиканство?

Новиот Закон за практиканство кој е официјално е стапен на сила ќе овозможи ангажирање на практиканти надвор од образовниот процес. Со тоа кандидатите ќе може да се стекнат со нови конкретни вештини, квалификации и знаења во процесот на градење на кариера. Компаниите од приватниот сектор, пак ќе добијат можност да ангажираат практиканти на определено време со што ќе имаат повеќе можности за пополнување на одредени работни позиции кои се од таква природа. Исто така во овој процес кандидатите кои се на пракса по завршување на определениот рок ќе претставуваат нов потенцијал за вработувања во компаниите.

Во изработката на предлог законското решение учествуваа четирите најактивни стопански комори: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Со вложениот труд во процесот на подготовка на предлог текстот, како и со повеќе инфо-сесии и форуми поврзани со работните односи и работната сила во Северна Македонија, постигнато е одлично решение кое е одраз како на барањата на приватниот сектор, така и на стратешките определби на надлежните институции.

„За нас ова е голем успех и одличен пример за успешна соработка меѓу институциите и бизнис заедницата. Сакам да искажам благодарност до Министерството за труд и социјална политика и подготвеноста да се слушнат барањата на бизнис заедницата. Министерството им даде голема доверба на стопанските комори кои преку Проектот учествуваа во изработка на работната верзија на овој закон. Верувам дека Законот за практиканство ќе даде позитивен импулс во економијата, ќе ги задоволи потребите на работодавачите за наоѓање на соодветна работна сила, додека пак на тие кои немаат соодветни вештини и квалификации поголема можност за зголемување на нивната вработливост“, вели Љубомир Димовски од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, директор на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Законот дефинира дека практикант да може да биде невработено лице на возраст до 34 години и да има завршено најмалку основно образование, а потребата од практикант работодавачите ќе ја изразуваат со објавување на јавен оглас кој треба да содржи информации за условите за практикантство. Законот дефинира минимален период на практикантство од еден месец и максимален од 6 месеци, како и правило еден практикант да може да врши практикантска работа само еднаш кај ист работодавач.

Работодавачите имаат и обврска да обезбедат ментор кој ќе врши континуиран надзор на практикантот, ќе ја организира неговата работа и ќе го следи напредокот за остварување на целите за учење и практиканство.

Уште еден лимит дефиниран со Законот е максималниот број на практиканти кај работодавачите, и тоа во зависност од бројот на вработените на неопределено работно време кај работодавачот во претходните три месеци пред ангажирање на практикантот. Законот предвидува обврска за плаќање на надоместок за време на практикантската работа на практикантот од страна на работодавачот, и тоа во висина од 42% до 74% од минималната нето-плата во земјава исплатена во претходната година. Ова се однесува на практикантство до 3 месеци, додека за практикантската работа подолга од три месеци месечниот надоместок кој работодавачот треба да му го исплати на практикантот треба да биде во висина на минималната нето-плата утврдена со закон.

Целата практикантска работа мора да биде поткрепена и регулирана со Договор за практикантство со кој се уредуваат односите, правата и обврските помеѓу практикантот и работодавачот. Законот забранува склучување на договор за практикантство за замена на постојно работно место, а за време на практикантската работа практикантот не ги губи правата по основ на невработеност и правата од областа на социјалната заштита утврдени и стекнати во согласност со закон. Работодавачот има обврска секој склучен договор да го пријави во Агенцијата за вработување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »