Промовирани огласи »

Ако сакате да патувате со автомобил надвор од границите на својата држава потребно е да имате зелен картон.

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.

Зелениот картон може да се набави во сите подружнници на Мобилити брокер) кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Промовирани огласи »

Работниот век во Србија може да се продолжи до 70-годишна возраст за оние кои тоа сакаат, ако се донесе иницијатива за измена на Законот за работни односи, прифатена од страна на еминентни експерти за советување за актуелни прашања од современото законодавство, објави денеска „Политика” .

Вработените всушност може да останат на работа уште пет години по исполнувањето на условите за пензионирање, доколку тоа го посакуваат и ако има потреба работодавецот, беше речено на советување организирано од Сојузот на правници на Србија и на Република Српска.

Предлогот дека работниот однос не мора да престане според законот на 65-годишна возраст, туку дека таа граница може да се помести до 70-тиот роденден ќе биде испратен до надлежните министерства, наведува весникот.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

РКЕ по најавената измена или нова методологија за цените на горивата ги намали цените минатиот понеделник.

Засега цената на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

Промовирани огласи »

Тоа може да биде многу лесно за кандидатот за работа кој е во нов специфичен работен амбиент и да остави лош прв впечаток. Некои работи треба да ги имате на ум.

·         Кандидатот ДОЦНИ!

Секогаш кандидатот кога доцни праќа негативна порака до регрутерот. Истотака, кога ги опоменуваат регрутерите 30 минути или еден час пред интервјуто апсолутно некои регрутери ги ставаат во категоријата "одбиена".

За кандидатите: Секогаш имајте на ум, планирајте го времето. Денот кога имате закажено интервју бидете претпазливи. Регрутерите имаат закажено повеќе интерјуа тој ден, нема да имаат можност да ги презакажуваат другите интервјуа само заради вас.

·         Кандидатот не знае за компанијата  / или за позицијата која аплицирал

Кандидатите кои не знаат ништо за компанијата или за работата во која аплицираат секогаш се “осудуваатод регрутерите и компаниите. Ова е знак дека тие се доволно храбри да се појават во иднина и во значајни состаноци кои се многу важни за Вашата компанија. Ова е огромен сигнал дека ако ги донесете на одборот, има добри шанси тие да не се обидат да го научат материјалот потребен за нивната нова работа или да можат да ја пренесат визијата на компанијата на клиентите.

Како некој може да ја претстави вашата компанија на состаноци или на конференции?

·         Кандидатот го оговара предходниот газда!

Кандидатите треба да покажат дека се отворени за преземање поголема одговорност, но постојат повеќе дискретни начини да се постигне тоа.

Ако тие зборуваат за нивното негативно искуство во предходната компанија и за однесувањето на менаџерот што тие го навеле како референца, тоа значи дека не се доволно лојални и истото може да се случи и со Вас.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »