Тоа може да биде многу лесно за кандидатот за работа кој е во нов специфичен работен амбиент и да остави лош прв впечаток. Некои работи треба да ги имате на ум.
· Кандидатот ДОЦНИ!
Секогаш кандидатот кога доцни праќа негативна порака до регрутерот. Истотака, кога ги опоменуваат регрутерите 30 минути или еден час пред интервјуто апсолутно некои регрутери ги ставаат во категоријата "одбиена".
За кандидатите: Секогаш имајте на ум, планирајте го времето. Денот кога имате закажено интервју бидете претпазливи. Регрутерите имаат закажено повеќе интерјуа тој ден, нема да имаат можност да ги презакажуваат другите интервјуа само заради вас.
· Кандидатот не знае за компанијата / или за позицијата која аплицирал
Кандидатите кои не знаат ништо за компанијата или за работата во која аплицираат секогаш се “осудуваат” од регрутерите и компаниите. Ова е знак дека тие се доволно “храбри” да се појават во иднина и во значајни состаноци кои се многу важни за Вашата компанија. Ова е огромен сигнал дека ако ги донесете на одборот, има добри шанси тие да не се обидат да го научат материјалот потребен за нивната нова работа или да можат да ја пренесат визијата на компанијата на клиентите.
Како некој може да ја претстави вашата компанија на состаноци или на конференции?
· Кандидатот го оговара предходниот газда!
Кандидатите треба да покажат дека се отворени за преземање поголема одговорност, но постојат повеќе дискретни начини да се постигне тоа.
Ако тие зборуваат за нивното негативно искуство во предходната компанија и за однесувањето на менаџерот што тие го навеле како референца, тоа значи дека не се доволно лојални и истото може да се случи и со Вас.