Приближно ист број на дами и мажи полагаат годишно за возачка дозвола. Минатата 2018 година според податоците од Министерството за внатрешни работи вкупно 11.520 мажи се стекнале со возачка довола Б категорија и 9.421 дами.
Според Министерството понежниот пол повеќе се интересира за добивање возачка дозвола после 28 година, додека машките лица во земјава за прв пат полагаат за возачка дозвола до својата 27 година.
Лани 1.993 жени од 28 до 37 години лани се стекнале со дозвола за возење автомобил, наспроти 1.349 мажи од иста возраст.
Бројот на мажи кои минатата година добиле возачка довола за возење автомобил до својата 27 година изнесува скоро десет илјади, односно 9.636 лица, наспроти дамите кои до својата 27 година добиле 6.909 возачки дозволи.
Возат во странство или дома: Се повеќе жени полагаат за Ц категорија
Интересен е и фактот, дека дваесет дами во 2018 година добиле возачки дозволи Ц категорија, односно дозвола за возење на камиони. А 1.641 маж лани добиле дозвола за возење камиони.
Иако според податоците со скоро ист број на возачки дозволи за автомобили се стекнуваат на годипно ниво и мажите и жените сепак, во пракса сме сведоци дека силниот пол е поприсутен зад воланот низ патиштата во земјата.
Министерството за внатрешни работи минатата година евидентирало вкупно 3.740 сообраќајни незгоди со потешки последици. Од нив во 501 сообраќајна незгода учествувале возачи без да се стекнат со право на управување со возило, додека 394 незгоди ги предизвикале возачи без да се стекнат со право да управуваат моторно возило.
Во првиот квартал од тековната година според МВР се евидентирани 560 сообраќајни незгоди со посериозни последици.
Извор - Фактор