Промовирани огласи »

Ако на студеното време сè уште не сте навикнати, можеби ќе ви помогне оваа листа којашто ги содржи сите места на светот коишто се многу, многу поладни од нашите краишта.

Ојмјакон

Убедливо најстуденото населено место на светот е Ојмјакон, место во истоимената долина на североистокот на Русија. Просечната температура тука во текот на месец јануари изнесува -50 степени Целзиусови. Самиот назив на селото во превод значи – 'вода којашто не замрзнува' – бидејќи во близина се наоѓаат термални извори.

Токму во ова место, околу 500 жители се борат со проблеми коишто за сите нас коишто живееме во потпли краишта се речиси незамисливи – им се смрзнува мастилото во пенкалата, очилата им се лепат за лицето, а мобилните телефони на толку ниски температури исто така откажуваат послушност. 

Проблем претставуваат и погребите, бидејќи земјата се смрзнува, па потребно е неколку дена претходно на земјата да се пали оган, а во дупката којашто настанува се става вжарен јаглен како би можело да се ископа самиот гроб. 

Автомобилите пак тука жителите не ги гасат поради страв дека наутро нема да може воопшто да ги стартуваат. Главно се греат на дрва и јаглен. Училиштата пак се затвораат само ако температурата падне под -52 степени Целзиусови.

Верхојанск, Русија

Според податоците од 2002-та година, во ова градче во Република Јакутија живеат 1.434 лица. Верхојанск се наоѓа во сибирските пространства, а властите уште пред ерата на Сталин токму тука ги протерувала политичките неистомисленици. 

Просечната температура во Верхојанск во месец јануари изнесува 45 степени под нулата, а најладната температура којашто е измерена тука е од 1892-та година, кога живата покажувала −69.8 степени Целзиусови! Заедно со Ојмјакон претставуваат најстудени населени места на планетата.

Интернејшнл Фолс, Минесота

Интернејшнл Фолс е едно од најстудените места во САД. Се наоѓа на границата со Канада и претставува дом на нешто повеќе од 6.000 жители. Просечната температура тука во првиот месец изнесува непријатни -19 степени Целзиусови.

Фрејзер, Колорадо


Ова село коешто лежи на 3.000 метри надморска височина се наоѓа во близина на популарниот ски центар, а во него живеат 910 лица. Просечната годишна температура тука изнесува 0 степени Целзиусови, а дури и во месец јуни, таа е под нулата.

Фрејзер и Интернејшнл Фолс долго време воделе битка околу титулата “Icebox of the Nation” којашто на крајот сепак и припаднала на Минесота.

Јакутск, Русија

Веќе во месец септември тука буквално сè започнува полека да се замрзнува, а таква е состојбата сè до месец март. Во месец јануари просечната температура тука изнесува околу 36 степени под нулата, но околу 200.000 жители на овој град со текот на времето се навикнале на оваа клима. На пример, градот има бројни кино сали, музеи, па дури и зоолошка градина во којашто веројатно најмногу уживаат поларните мечки.

Хел, Норвешка

Ова место место станало надалеку познато благодарение на своето име. Во “Пеколот” доаѓаат многу туристи само за да се фотографираат покрај натписот на којшто пишува “Hell”, но поголемиот дел сепак доаѓаат кога ќе се стопли. Од месец декември па сè до месец март тука владеат снегот и мразот, па Хел е попогоден за пингвините, отколку за луѓето.

Улан Батор

Улан Батор во Монголија се смета за најстуден главен град на светот. Се наоѓа во монголските степи на околу 1.300 метри надморска височина. Тука во месец јануари температурите не се качуваат над -16 степени Целзиусови.


 

Промовирани огласи »

Како и секоја година, на затворањето на фестивалот „Синедејс“ беа прогласени најдобрите и им беа доделени  награди. Оваа година, наградите ги освоија:

Филмот „Влажност“ во режија на Никола Љуца е добитник на наградата најдобар филм и „Златна ѕвезда“ во Oфицијалната конкуренција на Фестивалот на европски филм „Cinedays 2016“.

Наградите ги прогласи жирито во состав Чедомир Колар, еден од извонредните продуценти во холивудската индустрија и претседател на жирито, Зринко Огреста, сценарист и режисер, професор по филмска режија на Академијата за драмски уметности во Загреб и член на Европската Филмска Академија во Берлин и македонскиот режисер Игор Иванов – Изи.

Наградата за најдобра режија ја доби филмот „Убијци на тркала“ во режија на Атила Тил, а за најдобро сценарио филмот „Тони Ердман“ по сценарио и режија на Марен Аде.

Во категорија СинеБалкан за најдобар филм во оваа категорија е прогласен филмот „Не ми зјапај во чинијата“ на Хана Јусиќ. И годинава селектор на филмовите во официјалната селекција и во категоријата „Синебалкан“ беше Бернд Будер.

Доделена е награда и за најдобар филм во категоријата Студентска програма, која ја доби Сандра Јовановска за филмот „Страшилото крст“. Таа е студент на Академија за уметност, Универзитет во Нова Горица.

Жирито во состав, Влатко Галевски, Илина Јакимовска и Виолета Караџовска – Стојанова ги прогласи најдобрите на конкурсот за Филмска критика. Првата награда ја доби Фросина Крушкаровска, втората награда е за Владимир Лазороски, а третата награда и припадна на Вероника Камчевска.

Промовирани огласи »

На 1ви Декември 2016 година, со почеток во 12:00 часот, во ИНФО-КЛУБОТ во Битола (Ректорат на Правен Факултет во Битола) ќе се одржи саем за Кариера.

Настанот ќе вклучува штандовска презентација на компании кои нудат слободни работни места за млади невработени лица, кратки презентации (говори) од претставници на иновативни бизниси од Македонија и интерактивни работилници за мотивација на млади да започнат сопствен бизнис.

Настанот е отворен за сите заинтересирани млади невработени лица и студенти. KARIERA.mk ќе има своја презентација и излагање за посебните можности кои им се нудат на младите лица. 

Промовирани огласи »

Светско жири составено од дами специјализирани за автомобилизам го избра Jaguar F-Pace за автомобил на 2016 година. Моделот на британската марка победи и во категоријата на теренски возила. Со тоа се потврдува дека на дамите им се допаѓа чувството на безбедност што им го нудат теренците, но и марката и пораката за активен животен стил што ја оддава F-Pace не заостануваат во критериумите.

Дамите го избраа Jaguar F-Pace како автомобил што најмногу ги разиграл нивните срца од сите новитети годинава. Во составот на жирито за избор на женски автомобил на годината влегуваат 17 дами специјализирани за автомобилизам, кои доаѓаат од 14 држави. Во категоријата спортски теренци и кросовери не постоеше друг автомобил што им остави посилен впечаток на дамите.

Во останатите категории победија Honda Civic (мал семеен автомобил), Ford Mustang (спортски автомобил), Honda Jazz (најекономичен автомобил), Volvo S90 (луксузен автомобил) и Toyota Prius (најеколошки автомобил).

За изборот беа кандидирани 294 модели, од кои на 32 им беше дозволено да продолжат во финалниот избор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »