Промовирани огласи »

Команијата Google, ќе треба да потроши доста пари на регрутирање и вработување на најдобрите луѓе. Повеќе од 10 години Google правеше истражувања под кодното име Project Okigen, со цел да дознае кои особини ги има совршениот менаџер.

Истражувањето се исплатело бидејќи во текот на годините Google забележале значаен напредок во флуктуацијата на работниците.

Еве што поседуваат добрите менаџери…

Тие се добри тренери- Кога има проблем, тие ги водат своите тимови и им помагаат да го решат проблемот.

Го ојачува својот тим- добриот менаџер на своите луѓе им дава слобода да ги истражат своите идеи, да превземат ризици и да направат грешки.

Создава тимско опкружување-  Според Google за да имате квалитетен тим кој квалитетно ќе работи, треба да имате психолошка сигурност.

Продуктивни и ориентирани на резултати- најдобрите менаџери се повеќе од ѕвезди и работат буквално се кога е потребно.

Тие се добри комуникатори- добрите менаџери знаат да слушаат и тоа им дава да направат подобри стратегии со тимот. Тие знаат дека знаењето е моќ и зато се транспарентни за да поделат по некоја информација.

Подржуваат развој на кариерата- добрите менаџери ги ограбруваат своите луѓе со делење на искрени совети, но не се плашат да поделат и некоја критика доколку е потребно се со цел да се подобри работата.

Имаат јасна визија- менаџерите треба да знаат точно во каква состојба се наоѓа нивниот тим и што треба да направат за да ја постигнат целта.

Имаат техники за да го советуваат тимот- големите менаџери имаат разбирање за тимот и ги знаат сите нивни секојдневни задачи.

Соработуваат ефикасно- големите менаџери ја гледаат големата слика и тие работат за доброто на компанијата.

Донесуваат одлуки- големите менаџери не се импулсивни, но се одлучни. Тие ги движат работите нанапред преку нивните одлуки дури и ако тие се грешни.

Промовирани огласи »

Најголемата социјална мрежа Фејсбук основа подружница во Женева наречена Libra Networks. Едно е јасно: градот во Швајцарија ќе игра важна улога во плановите на главниот извршен директор на Facebook, Марк Зукерберг за изградба на сопствен платен систем и сопствена валута.

Сега информациите што беше распространета од швајцарскиот весник Handelszeitung покажува колку далеку стигнале веќе плановите: Facebook размислува Женева да остане во седиштето на асоцијацијата наречена Libra Association. Клубот ќе биде во основата на целиот проект на валутата, појаснуваат швајцарските медиуми, повикувајќи се на неколку луѓе запознаени со прашањето.
Причините за изборот на ова место се стратешки: Швајцарија се смета за неутрална, домаќин е на бројни меѓународни организации и е симбол на правната сигурност. Сето ова се карактеристики кои можат да помогнат многу на амбициозниот проект на Facebook: да создаде светска валута, наречена Libra.
Најпрво, луѓето ќе можат да ги користат криптовалутите во производите на Facebook – WhatsApp, Messenger и, се разбира, самиот Фејсбук, но целта е да се создаде нов систем за плаќање за секого. Се верува дека ќе може да им служи на “милијарди луѓе ширум светот”, опишувајќи ги плановите за внатрешните ресурси, создавајќи комплетен екосистем за производство на нови финансиски услуги.
Политичките и социјалните последици би биле огромни ако проектот успее. Регулаторите и даночните власти ќе бидат подложени на истиот оној притисок како финансиските институции. Во одреден момент, по многу години, дури и влијанието на централните банки може да се предизвика, прво во земјите во развој.
Но, постои сериозен проблем: Дали светот има доволно доверба во Фејсбук за да ги довери финансиските услуги на него? Компанијата веднаш реагира на сомнежите: Фејсбук не сака да ја надгледува валутата и платниот систем. Ова е фундаментално решение. Тука се вклучени Швајцарија и сеуште нерегистрираната Женевска Libra Association. Таа мора да стане централен дел на новата валута.
Фејсбук не коментира за оваа тема, но извори запознаени со предметот истакнуваат дека тоа е “независна и непрофитна организација”. Тоа треба да вклучи универзитети, компании, финансиски актери и невладини организации. Сите тие ќе бидат институциите кои ќе го контролираат новиот платен систем и ќе ги одобруваат трансакциите во мрежата – накратко, ќе управуваат со таканаречениот валидаторски јазол и ток. Фејсбук ќе биде само еден од многуте играчи.
Ова ја ограничува моќта на Фејсбук. Покрај тоа, асоцијацијата ќе може да одлучува за промените во новиот систем на плаќање и валутата со двотретинско мнозинство.

Промовирани огласи »

Домовите во Швајцарија се за 73,9 отсто повисоки од просекот на Европската Унија во 2018 година. Во Ирска тие се за 56,7 отсто повисоки од просекот во ЕУ, а во Велика Британија за 56,5 отсто. Романија, Полска и Бугарија имаат најевтини цени за домови.

Истражувањето на „Евростат“ опфатило 440 производи во повеќе од 30 европски земји. Статистичкото биро на ЕУ ги споредило актуелните цени со просекот на 28. земји-членки на ЕУ и ги рангирало земјите со алатка за визуализација на податоци.
Цените на алкохолот и на тутунот имале широк спектар. Во Норвешка тие се за 126,1 отсто повисоки од просекот на ЕУ, додека во Бугарија тие се за 41,8 отсто пониски од просекот на ЕУ.

Цените за кошницата за храна во Данска се двојно повисоки од оние во Романија. Храната во трите земји што не се дел од ЕУ (Швајцарија, Норвешка и Исланд) е поскапа во споредба со земјите-членки на ЕУ.

Цените на храната во Швајцарија се за 63,6 отсто повисоки од просекот на ЕУ.

Обединетото Кралство има повисоки цени од просекот на ЕУ за домување, алкохол и тутун, ресторани и хотели, рекреација, транспорт, телекомуникации и мебел. Но, облеката, храната и личниот превоз, како автомобили, мотоцикли или велосипеди, се поевтини од просекот на ЕУ.

Грција е најскапата земја за комуникации, а тука се вклучени поштенските, телефонските и интернет-услугите. Но, во секоја друга категорија, освен храната, цените на Грција се под просекот на ЕУ.

Романија и Бугарија честопати излегуваат како најевтини земји во Европа. Рестораните и хотелите се поевтини за 53,4 отсто во Бугарија и за 47,6 отсто во Романија од просекот на ЕУ.

Цените во Франција, Германија и во Белгија најчесто се повисоки од просекот на ЕУ.

„Евростат“ ги рангира земјите според нивото на цените – економски индекс што утврдува како стојат земјите во споредба со другите во поглед на тековните цени.

Промовирани огласи »

Од август потрошувачите на гас, електрична енергија и гориво во Србија ќе плаќаат повисоки цени на фактурите, а тоа се должи на воведувањето на нови давачки за унапредување на енергетската ефикасност. "Политика" објави дека граѓаните за потрошен кубен метар гас и за еден литар гориво ќе плаќаат дополнителни  0,15 динари, додека за потрошен киловат-час електрична енергија по 0,015 динари.

Парите од овој данок ќе се користат за замена на врати и прозорци во згради и за топлинска изолација, како и за инвестирање во грејни котли.

Јавното претпријатие Србијас објави дека ги информирало своите потрошувачи дека зголемувањето на цените ќе започнат со јулските сметки за гас и дека надоместокот ќе се прилагодува еднаш годишно.

Исто така, ќе се зголемат сметките за електрична енергија во јули, бидејќи Законот за надоместоци за користење на јавни добра предвидува дека оваа нова такса ќе ја плаќаат сите што трошат електрична енергија.

Исто така, возачите ќе мора да плаќаат за секој литар бензин и дизел, односно плин.

"Политика" објави дека сите овие пари нема да одат за Србијагас, ЕПС, ниту на нафтените компании, туку директно во државниот буџет на Република Србија, од каде треба да се користат за подобрување на енергетската ефикасност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »