Промовирани огласи »

Домовите во Швајцарија се за 73,9 отсто повисоки од просекот на Европската Унија во 2018 година. Во Ирска тие се за 56,7 отсто повисоки од просекот во ЕУ, а во Велика Британија за 56,5 отсто. Романија, Полска и Бугарија имаат најевтини цени за домови.

Истражувањето на „Евростат“ опфатило 440 производи во повеќе од 30 европски земји. Статистичкото биро на ЕУ ги споредило актуелните цени со просекот на 28. земји-членки на ЕУ и ги рангирало земјите со алатка за визуализација на податоци.
Цените на алкохолот и на тутунот имале широк спектар. Во Норвешка тие се за 126,1 отсто повисоки од просекот на ЕУ, додека во Бугарија тие се за 41,8 отсто пониски од просекот на ЕУ.

Цените за кошницата за храна во Данска се двојно повисоки од оние во Романија. Храната во трите земји што не се дел од ЕУ (Швајцарија, Норвешка и Исланд) е поскапа во споредба со земјите-членки на ЕУ.

Цените на храната во Швајцарија се за 63,6 отсто повисоки од просекот на ЕУ.

Обединетото Кралство има повисоки цени од просекот на ЕУ за домување, алкохол и тутун, ресторани и хотели, рекреација, транспорт, телекомуникации и мебел. Но, облеката, храната и личниот превоз, како автомобили, мотоцикли или велосипеди, се поевтини од просекот на ЕУ.

Грција е најскапата земја за комуникации, а тука се вклучени поштенските, телефонските и интернет-услугите. Но, во секоја друга категорија, освен храната, цените на Грција се под просекот на ЕУ.

Романија и Бугарија честопати излегуваат како најевтини земји во Европа. Рестораните и хотелите се поевтини за 53,4 отсто во Бугарија и за 47,6 отсто во Романија од просекот на ЕУ.

Цените во Франција, Германија и во Белгија најчесто се повисоки од просекот на ЕУ.

„Евростат“ ги рангира земјите според нивото на цените – економски индекс што утврдува како стојат земјите во споредба со другите во поглед на тековните цени.

Промовирани огласи »

Од август потрошувачите на гас, електрична енергија и гориво во Србија ќе плаќаат повисоки цени на фактурите, а тоа се должи на воведувањето на нови давачки за унапредување на енергетската ефикасност. "Политика" објави дека граѓаните за потрошен кубен метар гас и за еден литар гориво ќе плаќаат дополнителни  0,15 динари, додека за потрошен киловат-час електрична енергија по 0,015 динари.

Парите од овој данок ќе се користат за замена на врати и прозорци во згради и за топлинска изолација, како и за инвестирање во грејни котли.

Јавното претпријатие Србијас објави дека ги информирало своите потрошувачи дека зголемувањето на цените ќе започнат со јулските сметки за гас и дека надоместокот ќе се прилагодува еднаш годишно.

Исто така, ќе се зголемат сметките за електрична енергија во јули, бидејќи Законот за надоместоци за користење на јавни добра предвидува дека оваа нова такса ќе ја плаќаат сите што трошат електрична енергија.

Исто така, возачите ќе мора да плаќаат за секој литар бензин и дизел, односно плин.

"Политика" објави дека сите овие пари нема да одат за Србијагас, ЕПС, ниту на нафтените компании, туку директно во државниот буџет на Република Србија, од каде треба да се користат за подобрување на енергетската ефикасност.

Промовирани огласи »

Град Скопје распиша два јавни повици за субвенции за електрични тротинети во 2019 година, како и за купување велосипеди за оваа година.

Електричните тротинети треба да бидат од 1 јануари годинава до 30 ноември, а ќе се исплаќа 30 отсто од сметката, но не повеќе од 7.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Барателот до Град Скопје треба да достави барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), копија на важечка лична карта на барателот, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје и оригинал фискална сметка 

Градот Скопје минатата година за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и беа пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнаа 3.472 барања за субвенции. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден електричен тротинет.

Субвенциите за нови велосипеди важат доколку е купен од 27 мај и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30 ноември.  Ќе се исплаќаат 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Барателот треба да поднесе барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), копија на важечка лична карта, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје и оригинал фискална сметка.

Промовирани огласи »

Од нелегалниот увоз на тутун и продажба на цигари буџетот на државата за година и половина е оштетен за 7,3 милиони евра.

Правни лица шверцувале необработен тутун, а физички лица го обработувале и нелегално го продавале на пазарот, соопштија директорите на Финансиската полиција и Царинската управа Арафат Муареми и Ѓоко Танаскоски, по акцијата во скопското село Љуботен каде е запленето 12 тони тутун како и опрема за обработка. 

Повикани на разговор засега се 4 физички лица кои по давање исказ ќе бидат пуштени, а ниту едно правно лице кое го шверцувало тутунот не е приведено. Муареми вели дека тие се познати на истрагата и се очекува јавен обвинител да даде налог за нивно приведување.

Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акција во скопското село Љуботен врз основа на сомнение за сторени кривични дела криумчарење на акцизна стока и царинска измама.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »