Промовирани огласи »

Вакцина против рота вирусот и пневмококна вакцина од денес во календарт за имунизација.

Министерството за здравство овие вакцини ги најави пред неколку месеци.

Ротавирус со која ќе се превенира при стомачни и црвни инфективни заболувања и Пнеумокака вакцината за спречување на респритарните заболувања.

Од Комитетот за имунизација при Министерството за здравство велат дека вакцините се веќе дистрибуирани во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација. Овие вакцини ќе ги примаат бебињата и малите деца.

Од декември минатата година земјава се бори со епидемијата на мали сипаници, властите воведоа и заштитни мерки за да се намали ширењето на болеста. Децата кои немаат примено вакцина против морбили не им е дозволено да посетуваат градинка, а од први септември министерствотот за здравство во корелација со министерството за образование велат дека и првачињата кои немаат примено вакцини против морбили дека нема да тргнаат на училиште. Има уште два месеци до почетокот на училишната година, останува да видиме дали навистина нема да се примаат невакцинирани деца на училиште.

Според укажувањето на здравствените работници да стивне епидемијата или пак да ја снема, треба околу 95 проценти од македонското население да е вакцинирано.

Промовирани огласи »

Соседна Бугарија и Грција се двете земји со кои нема да имаме поевтини роаминг, но затоа пак тука се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Во земјите од Западен Балкан од денес стартуваат евтините цени на роамингот а тоа значи дека 2,46 денари ќе плаќаме за дојдовните повици од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија или Црна Гора за кои досега плаќавме 25 денари. 

Пораката наместо 14 денари имајте на ум дека ќе ја плаќаме 2,21 денар.

Ова е прво намалување на роамингот. Цените ќе паѓаат и догодина а до 2021 ќе плаќаме нула роаминг меѓу погоре спомнатите држави.

Промовирани огласи »

Нова цена по која ќе се точат нафтените деривати ќе биде соопштена денеска.

Околу еден месец Регулаторната комисија за енергетика ги крои цените на горивата по нова методологија.

Последниот пат за половина денар поскапеа бензините и дизелот а денес ќе знаеме дали од вторник ќе возиме по повисоки цени.

Промовирани огласи »

Од денеска (1 јули 2019) домаќинствата и малите претпријатија кои не излегоа на либералниот пазар на струја, добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач.

Станува збор за ЕВН Хоум, субјект кој произлезе од ЕВН Македонија, кој победи на тендерското поддавање што го организираше Регулаторна комисија за енергетика.

Инаку цената на струјата под овој снабдувач останува непроменета и останува истата како и до сега до 1 јули следната година.

Потрошувачите нема да потпишуваат никакви нови или дополнителни договори за снабдување и понатаму ќе добиваат една фактура зад која ќе стои ЕВН Хоум.

Компанијата ќе ги снабдува корисниците кои нема да излезат на отворениот пазар во наредниве пет години,а  анајвени се подобри услуги како кол центар достапен 24/7 на три јазици, електронско плаќање и друго.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »