Промовирани огласи »

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемија од еден денар до денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на седницата вчера.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот ќе биде 34,849 ден/кг.

Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи денеска објави дека повратот на ДДВ преку Ајфон ќе биде овозможен наредните денови, по реакцијата на дел од јавноста која не може да ги скенира фискалните сметки со апликацијата Apple store, дознава Фактор

Како причина се наведува објаснувањето дека се работи за мултинационален телефон. 

Се работи за посложена мрежа и затоа ќе доцни спроведувањето на апликацијата. Наскоро очекуваме и корисниците на Ајфон да имаат пристап до својата апликација. Службите во сите дирекции се на располагање на граѓаните, а секој на кого му е потребна помош може да се јави кај нас, рече денеска Сања Лукаревска, директорката на управата.

Промовирани огласи »

Граѓаните првпат имаат можност да побараат поврат на 15 проценти од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) откако почна примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. 

Можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години кои се регистрирани на системот на Управата за јавни приходи. Ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат преку мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата што ќе биде достапна на страницата на УЈП.

Управата за јавни приходи предвидела дел од манипулациите кои можат да се случат со спроведување на проектот „Мој ДДВ“, како на пример во кафуле ако келнерот ја земе сметката.

УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право. Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова – изјави Ивана Дончевска од УЈП за ТВ21.

Законот за враќање на дел од ДДВ беше усвоен минатата недела во Собранието. Проектот што е насловен „Мој данок моја заштеда“ и е дел од изборната програма и Програмата за работа на Владата. Целта, како што образоложија од Владата, е да се вратат пари кај граѓаните, да се намали сивата економија и да се елиминира даночното затајување. Се проценува дека дури 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ, а за два отсто од најбогатите ќе има лимит. 

Апликацијата може да ја преземете ТУКА

Засега апликацијата е достапна само за „Андроид“. 

Промовирани огласи »

Засега сумата не се открива но она што е извесно е дека цената на еднократно возење во градските автобуси ќе чини повеќе од 35 денари.

Ова станува јасно од одлуката од есенва повторно во употреба да се вратат хартиените билети во ЈСП.

Цената дефинитивно ќе биде поскапа потврдиле и од ЈСП а сега на потег е Советот на град Скопје кој ќе треба наскоро да ја формира.

Сумата на набавката која вклучува и изработка на апликација за смарт телефони, унапредување на системот за проверка на линиите, ажурирање на системот со дополнителни читачи, обезбедување на безжична комуникациска инфраструктура и е-cloud платформа е проценета на 117.000.000 денари без ДДВ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »