Промовирани огласи »

Граѓаните првпат имаат можност да побараат поврат на 15 проценти од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) откако почна примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. 

Можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години кои се регистрирани на системот на Управата за јавни приходи. Ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат преку мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата што ќе биде достапна на страницата на УЈП.

Управата за јавни приходи предвидела дел од манипулациите кои можат да се случат со спроведување на проектот „Мој ДДВ“, како на пример во кафуле ако келнерот ја земе сметката.

УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право. Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова – изјави Ивана Дончевска од УЈП за ТВ21.

Законот за враќање на дел од ДДВ беше усвоен минатата недела во Собранието. Проектот што е насловен „Мој данок моја заштеда“ и е дел од изборната програма и Програмата за работа на Владата. Целта, како што образоложија од Владата, е да се вратат пари кај граѓаните, да се намали сивата економија и да се елиминира даночното затајување. Се проценува дека дури 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ, а за два отсто од најбогатите ќе има лимит. 

Апликацијата може да ја преземете ТУКА

Засега апликацијата е достапна само за „Андроид“. 

Промовирани огласи »

Засега сумата не се открива но она што е извесно е дека цената на еднократно возење во градските автобуси ќе чини повеќе од 35 денари.

Ова станува јасно од одлуката од есенва повторно во употреба да се вратат хартиените билети во ЈСП.

Цената дефинитивно ќе биде поскапа потврдиле и од ЈСП а сега на потег е Советот на град Скопје кој ќе треба наскоро да ја формира.

Сумата на набавката која вклучува и изработка на апликација за смарт телефони, унапредување на системот за проверка на линиите, ажурирање на системот со дополнителни читачи, обезбедување на безжична комуникациска инфраструктура и е-cloud платформа е проценета на 117.000.000 денари без ДДВ.

Промовирани огласи »

Просечната брзина на интернет во земјава изнесува 7.97 мегабити во секунда, со тоа државата е рангирана на 78 место во светот по брзината на интернет.

Споредбата на телекомуникацииските услуги ги направил специјализираниот британски сајт Cable.co.uk.

МИнатата 2018 година со просечна брзина од 8,82 мегабити во секунда земјава беше котирана во светот на 68 позиција.

Од регионов најдобра во светот според брзината на интернет е Словенија која се наоѓа на 27 место, Србија на 44 тото, па доаѓа Хрватска пет позиции после Србија и се наоѓа на 49-тото место, Соседна Бугарија ја држи 50 позиција, а Грција 57 место. И Косово има побрз инернет и според британскиот сајт се наоѓа на 60 место.

Триесет и седум земји од Европа се во топ 50 држави во светот со најбрз интернет. 

Целиот текст прочитајте го на МИА.

Промовирани огласи »

Основна нето плата од 19.285 денари месечно за работа како ВОЗАЧ во Стопанска комора на Македонија: https://kariera.mk/job/V1T3c4iMu0q1CukCvs-g_Q/vozach

ДСА ТЕАМ е во потрага по високо мотивиран кандидат, кој ќе биде одговорен за позицијата КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТИhttps://kariera.mk/job/AP1fN63Bc0yhgkBNBNKyHQ/koordinator-na-proekti

БТА Македонија, дел од групацијата ТАВ Аеродроми, е компанија која врши угостителски услуги и има потреба од ПОМОШНИК ГОТВАЧhttps://kariera.mk/job/MSYWcE0kIU6OPYVQReNTVg/bta-makedonija-megjunaroden-aerodrom-skopje

Месечна плата во висина од 15.000 + денари. Ситографика има потреба од ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛhttps://kariera.mk/job/EoksxPL3uUmgwDlZwmeSVQ/prodazhen-personal

САРАНТИС Групацијата е една од водечките компании за производи за широка потрошувачка со седиште во Атина, Грција. Придружете се на нивниот тим како СМЕТКОВОДИТЕЛ во Скопје: https://kariera.mk/job/aIQcWr7D-0i-0jlHb6K_YA/smetkovoditel

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »