За компанијата: Компанија основана од искусен тим за управување со квалитет. Повеќе од 8 години искуство во автомобилска контрола на квалитетот
повеќе за компанијата »ДСА ТЕАМ Дооел е тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми, со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.
Ние извршуваме 100% селекција на делови, спрема бараните квалитативни и квантитативни карактеристики во согласност со ИСО 9001 и ИАТФ 16 949, стандарди за квалитет во автомобилската индустрија .
Бараме високо мотивиран кандидат, кој ќе биде одговорен за следната позиција :
КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТИ, ЛОКАЦИЈА - ВЕЛЕС
Главни одговорности :
- Координација на луѓето и процесите преку кои ќе бидат остварени проектните задачи ;
- Обезбедува соодветни обуки,насоки и совети до целиот тим со цел да се постигне бараниот резултат;
- Поврзување со клиентите за идентификување и дефинирање на проектните барања, обемот и целите ;
- Имплементација на постапки за контрола на квалитет,подготовка на контролна документација , превземање на акции за подобрување на квалитетот на процесите ;
- Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитет ;
- Обезбедување на сигурност дека потребите на клиентите се исполнети за времетраење на проектот;
- Административна поддршка – давање на известување за процесот на работа и за редовните активности на сите тимови и на клиентите;
Што бараме ?
- Лице кое поседува одлични организациски и менаџерски способности;
- Тимски ориентирана личност;
- Да поседува силни лидерски и комуникациски вештини;
- Пожелно е да има завршено Машински факултет , Технички факултет или Менаџмент ;
- Предност ќе претставува претходно работно искуство во автомобилската индустрија ;
- Познавање на англиски јазик и MS Office пакетот;
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
Ние нудиме :
- Moжност за напредок и едукација ;
- Можност за работа на проекти во странство;
- Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, потрено е да ги доставите своите биографии на следната е – маил адреса : [најави се за да го видиш е-маилот]
Само оние апликанти кои ги исполнуваат критериумите наведени погоре, ќе бидат повикани на разговор.
www.dsaoutsourcing.com
Останати огласи »