Вакцина против рота вирусот и пневмококна вакцина од денес во календарт за имунизација.
Министерството за здравство овие вакцини ги најави пред неколку месеци.
Ротавирус со која ќе се превенира при стомачни и црвни инфективни заболувања и Пнеумокака вакцината за спречување на респритарните заболувања.
Од Комитетот за имунизација при Министерството за здравство велат дека вакцините се веќе дистрибуирани во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација. Овие вакцини ќе ги примаат бебињата и малите деца.
Од декември минатата година земјава се бори со епидемијата на мали сипаници, властите воведоа и заштитни мерки за да се намали ширењето на болеста. Децата кои немаат примено вакцина против морбили не им е дозволено да посетуваат градинка, а од први септември министерствотот за здравство во корелација со министерството за образование велат дека и првачињата кои немаат примено вакцини против морбили дека нема да тргнаат на училиште. Има уште два месеци до почетокот на училишната година, останува да видиме дали навистина нема да се примаат невакцинирани деца на училиште.
Според укажувањето на здравствените работници да стивне епидемијата или пак да ја снема, треба околу 95 проценти од македонското население да е вакцинирано.