Промовирани огласи »

Разводот на основачот на Amazon.com Inc, Џеф Безос, со неговата сопруга Макензи Безос, по 25 години брак, беше финализиран вчера од судијата во Сиетл, отворајќи го патот за неа да добие акции во вредност од 38,3 милијарди долари, објави Блумберг.

Во април, најголемиот светски интернет продавач, во соопштението за берзата објави дека 19,7 милиони акции - или 4% - ќе одат кај Мекензие Безос, откако разводот беше одобрен од страна на судот.

Двојката во јануари објави преку заеднички пост на Твитер дека планираат разделба и поделба на имотот. Џеф Безос задржува 114,8 милијарди долари и останува најбогатиот човек во светот, според Блумберг.

Мекензи вети во мај дека ќе даде половина од своето богатство на добротворните организации.

Промовирани огласи »

Многумина кои одат на пат забораваат да проверат дали важноста на пасошот е се уште валидна. Повеќето земји бараат најмалку шест месеци валидност за да ви дозволат пристап и влез. 

Ова се прави од чиста претпазливост за да се осигура земјата дека и за време на заминување ќе имате валидни документи со вас. 

Повеќето земји бараат да имате пасош кој не истекува во наредните шест месеци за да ви дозволат да влезете, но има и исклучоци. Нов Зеланд за влез не ви бара виза, а пасошот е доволно да ви биде активен само на денот на пристигнувањето. Канада наложува да имате валиден пасош само во периодот додека претстојувате во земјата.

Во останатите земји, како што се земјите кои припаѓаат на Шенген зоната важи правилото дека пасошот треба да ви биде валиден најмалку шест месеци откако ќе се вратите во Македонија.

Промовирани огласи »

Вишокот на храна ќе се распределува со закон.

Владата вчера на седница ја усвои информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна.

Министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање  корисници на храната што ќе биде донирана, односно определување  критериуми кои треба да ги исполнуваат корисниците на храна која ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.

Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до 5 август до Владата да го достави Нацрт-законот за донирање на вишокот на храна. 

Промовирани огласи »

По првите пет дена од стартот на проектот „МојДДВ“ граѓаните до сега имаат „заработени“ 120.000 евра од скенирањето на фискалните сметки со своите мобилни телефони. Апликацијата до сега ја имаат симнато 58 илјади државјани, а очекувањата се тие во зенитот да бидат половина милион корисници. До сега обработени се 433.204 сметки, брифираше денеска Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

Заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“ и натаму се одолговлекува  апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на „ајфони“. По стартувањето на обој проект забележани се поголем број на пријави од страна на граѓаните во УЈП на трговци кои не издаваат фискални сметки.

Граѓаните кои имаат проблем со читање на бар-кодовите од фискалните сметки проблемот можат да го надминат ако ваквите сметки ги прочитаат на апаратите на киосците и бар-код читачите кои, велат, функционираат беспрекорно и многу подобро од читачите на телефоните, а постои и можност бар-кодовите на ваквите нечитливи сметки да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некои од регионалните и подрачните канцеларии на УЈП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »