Промовирани огласи »

Многумина кои одат на пат забораваат да проверат дали важноста на пасошот е се уште валидна. Повеќето земји бараат најмалку шест месеци валидност за да ви дозволат пристап и влез. 

Ова се прави од чиста претпазливост за да се осигура земјата дека и за време на заминување ќе имате валидни документи со вас. 

Повеќето земји бараат да имате пасош кој не истекува во наредните шест месеци за да ви дозволат да влезете, но има и исклучоци. Нов Зеланд за влез не ви бара виза, а пасошот е доволно да ви биде активен само на денот на пристигнувањето. Канада наложува да имате валиден пасош само во периодот додека претстојувате во земјата.

Во останатите земји, како што се земјите кои припаѓаат на Шенген зоната важи правилото дека пасошот треба да ви биде валиден најмалку шест месеци откако ќе се вратите во Македонија.

Промовирани огласи »

Вишокот на храна ќе се распределува со закон.

Владата вчера на седница ја усвои информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна.

Министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање  корисници на храната што ќе биде донирана, односно определување  критериуми кои треба да ги исполнуваат корисниците на храна која ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.

Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до 5 август до Владата да го достави Нацрт-законот за донирање на вишокот на храна. 

Промовирани огласи »

По првите пет дена од стартот на проектот „МојДДВ“ граѓаните до сега имаат „заработени“ 120.000 евра од скенирањето на фискалните сметки со своите мобилни телефони. Апликацијата до сега ја имаат симнато 58 илјади државјани, а очекувањата се тие во зенитот да бидат половина милион корисници. До сега обработени се 433.204 сметки, брифираше денеска Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

Заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“ и натаму се одолговлекува  апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на „ајфони“. По стартувањето на обој проект забележани се поголем број на пријави од страна на граѓаните во УЈП на трговци кои не издаваат фискални сметки.

Граѓаните кои имаат проблем со читање на бар-кодовите од фискалните сметки проблемот можат да го надминат ако ваквите сметки ги прочитаат на апаратите на киосците и бар-код читачите кои, велат, функционираат беспрекорно и многу подобро од читачите на телефоните, а постои и можност бар-кодовите на ваквите нечитливи сметки да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некои од регионалните и подрачните канцеларии на УЈП.

Промовирани огласи »

За потребите на претставништво на хрватска фармацевтска компанија PharmaS вработуваат СТРУЧЕН МЕДИЦИНСКИ СОРАБОТНИК: https://kariera.mk/job/X8-WQlH7RU-ZLNP1LBoOBA/struchen-medicinski-sorabotnik

Каз Груп нуди солидни услови за работното место КОМЕРЦИЈАЛИСТ: https://kariera.mk/job/2v0tiTjRKUSv1iWY20Flpg/komercijalist

АЛКАЛОИД со отворени над 20 слободни работни места. Погледнете ги на следниот линк: https://kariera.mk/job/w1J_5TA1-EOe5zdRB0_qPA/alkaloid-ad-skopje-gi-objavuva-slednite-slobodni-rabotni-mesta

Мотиви за потребите на свој клиент, реномирана компанија, вработува вкупно 5 извршители во ОДДЕЛ ПРОИЗВОДСТВО - КОЗМЕТИКА: https://kariera.mk/job/PBqWXqyA-Umelr2YxAWX4w/rabotnici-vo-proizvodstvo-kozmetika

Зонел Софтвер има потреба од ПРОГРАМЕР. Целиот оглас на следниот линк: https://kariera.mk/job/D3Tk9IJcaEixnXy4E68DmA/oglas-za-programer

Септима распишува конкурс за работната позиција МАГАЦИОНЕР -  ВОЗАЧhttps://kariera.mk/job/aORfttainU-frzjLLQQfBg/magacioner-vozach

Даути Комерц е во потрага по МИКРОДИСТРИБУТЕР ЗА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК за реон СТРУГАhttps://kariera.mk/job/fe7ylYXn2k2miJ1byJvAfg/mikrodistributer-za-ovoshje-i-zelenchuk-reon-struga

Халк Осигурување има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на работната позиција РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ во продажно место ТЦ Капитол Мол: https://kariera.mk/job/QmNtiRnwq0uNFHVs2gYUmw/oglas-za-vrabotuvanje-na-referent-za-prodazhba-na-osiguruvanje

IRISH PUB има потреба од: САДОМИЈАЧ, ГОТВАЧ/КА, ШАНКЕР/КА и КЕЛНЕР/КА. Повеќе на следниот линк: https://kariera.mk/job/RIKQu_SllUCPbAjMXb4f8w/personal-za-vo-restoran

Тренд Фуд Бар за потребите на Кафана ШПАЈЗ, има отворено повеќе работни места. Сите активни огласи се достапни на следниов линк: https://kariera.mk/company/lEughQW9GUC3clsFLZPOqQ/trend-fud-bar

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »