КАЗ ГРУП ДОО Илинден, има потреба од пополнување на следната позиција:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Опис на работни задачи:
- Врши понуда и продажба на производи и контактира, преговара и договара со деловните партнери во рамките на своите овластувања;
- Врши увоз и извоз на материјали – меѓународна трговија;
- Изготвува налози за работа или по потреба и работни налози;
- Изготвува излезни фактури за продадени производи;
- Ги следи објавените тендери, ја припрема потребната документација за тендер и учествува на електронска аукција;
- Го испитува пазарот, ја прати побарувачката, промените и интересот за нови производи на пазарот и за тоа редовно го известува непосредниот раководител и Комерцијалниот директор;
- Води евиденција за сите комитенти и изработува дневни, неделни, месечни, квартални, полугодишни и годишни комерцијални извештаи;
- Контактира со деловните партнери по пат на телефон, писмено и електронски;
- Се грижи за наплата на побарувањата и контактира со комитентите околу наплатата на побарувањата.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование;
- Одлично познавање на англиски јазик-пишуван и говорен;
- Високо ниво на компјутерски вештини;
- Високо ниво на комуникациски и организациски способности;
Што нудиме:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на трудот во РМ
- Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
- Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
- Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате наведените квалификации, потребно е да доставете на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] кратка биографија.
Слични огласи »