Промовирани огласи »

Coca-Cola се критикува за AI-реклами: Компанијата предизвика негативни реакции на социјалните мрежи со обидот да ја врати магијата на познатите божиќни реклами од 1995 година, користејќи вештачка интелигенција (AI). Корисниците ги забележаа типичните недостатоци на AI-генерираната содржина, како изобличени пропорции и нелагодни изрази на лица. Некои сметаат дека овие недостатоци се причината зошто Дедо Мраз не беше вклучен во рекламите.

Еколошки и етички предизвици: Критичарите ја истакнаа иронијата во користењето на поларни мечки во рекламите, укажувајќи дека центрите за податоци за AI трошат огромни ресурси, како вода и електрична енергија, што негативно влијае на животната средина. Дополнително, AI-рекламите беа критикувани како „бездушни“ и направени на сметка на креативните професии, како актери, сниматели и дизајнери.

Позитивни аспекти на AI: И покрај недостатоците, AI покажува потенцијал за напредок, како во развојот на зелени технологии, пример со британскиот стартап Drift Energy, кој користи AI за производство на одржливо гориво – зелен водород. Технологијата, исто така, ветува помош во следење на загрозени животински видови и намалување на загадувањето во земјоделството.

Промовирани огласи »

Истражувањата покажуваат дека 90% од најуспешните луѓе имаат висока емоционална интелигенција, наспроти само 20% од најмалку успешните. Лидерите со висока EQ се подобри во ангажирање на вработените, донесување одлуки и коучинг. Главните причини за неуспех кај менаџерите се недостатокот на емоционална компетенција, тешкотии при адаптација, и слабите меѓучовечки односи.


Луѓето со висока EQ вешто користат зборови за да инспирираат и водат. Прашања како „Можете ли да ми објасните повеќе за тоа?“ помагаат да се разбере другата страна наместо веднаш да се спори. Фрази како „Објаснете ми зошто оваа насока ве возбудува“ создаваат подлабоки врски, а љубопитноста поттикнува подобри односи.

Користењето на фрази како „Може ли да побарам ваш совет?“ прави луѓето да ве гледаат како покомпетентни. Ова ја гради довербата, поврзаноста и ја подобрува соработката во тимот, што е клуч за добри деловни резултати. 

Промовирани огласи »

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска (22 ноември) соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан.

Покрај тоа, Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој од сегашните 15 на 30 дена, пренесе државната телевизија ЦЦТВ.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

ПРАКТИКАНТ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ФИНАНСИИ - СМЕТКОВОДСТВО
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА - СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН АГЕНТ - СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН АГЕНТ – ГОСТИВАР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најете ТУКА.

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 6 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат, East Gate Mall, Приземје, Skopje City Mall 1 спрат и Битола Широк Сокак.

Моментално враборува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - CAPITOL MALL/EAST GATE MALL

ГРУПАЦИЈАТА ВИНДИЈА опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции.

Моментално вработува:

JUNIOR SALES AGENT

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО CALL CENTAR ЗА ПРОДАЖБА
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР (М/Ж) - ОХРИД И СТРУГА

Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот.

Моментално вработува:

АВТОЛАКЕР - ТРИГЛАВ АВТОСЕРВИС ЉУБЉАНА
АВТОЛИМАР - ТРИГЛАВ АВТОСЕРВИС ЉУБЉАНА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »