За компанијата: PharmaS е хрватска компанија за производство и продажба на фармацевтски производи основана кон крајот на 2008 година, а со RALU логистика, Favarger, LURA инвестиции и LURA недвижен имот, е една од фирмите-членки...
повеќе за компанијата »За потребите на претставништво на хрватската фармацевтска компанија PharmaS бараме еден (1) Стручен медицински соработник (м/ж), за работа на определено/неопределено време.
Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.
Позиција: Стручен медицински соработник
Одговорности:
- Остварување на предвидениот план за продажба
- Спроведување на предвидените маркетинг активности
- Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
- Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион
- Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
- Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата PharmaS и производите
- Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома VII степен (медицина, фармација, стоматологија, ветерина)
- Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
- Одлични организациски способности и вештини на планирање
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија)
Профил на идеалниот кандидат:
- Има работно искуство на иста или слична позиција и го познава теренот
- Подготвен за патување
- Ориентиран кон резултати
- Посветен на работата и реализација на зададените цели
- Добар слушател и комуникативен
- Лојален и дискретен
- Отворен и искрен
- Тимски играч
Компанијата ќе ви овозможи:
- Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте
- Интересна и динамична работна средина
- Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 31.07.2019 година на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ве молиме без телефонски јавувања.
Слични огласи »