ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Референт за продажба на осигурување во Продажно место ТЦ Капитол Мол
Референтот за продажба на осигурување во ТЦ Капитол Мол бара и придобива нови клиенти, врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување, врши промоција на продуктите на Друштвото, , дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување и се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување, ги обновува постојните полиси за осигурување како и одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото
Потребни квалификации и карактеристики:
- Високо образование
- Најмалку 3 години работно искуство во осигурување;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон продажба и клиенти;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Способност за тимска работа;
Доколку сте продажно ориентирани и сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за продажба на осигурување во ТЦ Капитол Мол”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Напомена: Работното време е организирано во смени. Прва смена од 10.00 - 16.00 часот, Втора смена: 16.00-22.00 часот.
Напомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.