Промовирани огласи »

По првите пет дена од стартот на проектот „МојДДВ“ граѓаните до сега имаат „заработени“ 120.000 евра од скенирањето на фискалните сметки со своите мобилни телефони. Апликацијата до сега ја имаат симнато 58 илјади државјани, а очекувањата се тие во зенитот да бидат половина милион корисници. До сега обработени се 433.204 сметки, брифираше денеска Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

Заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“ и натаму се одолговлекува  апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на „ајфони“. По стартувањето на обој проект забележани се поголем број на пријави од страна на граѓаните во УЈП на трговци кои не издаваат фискални сметки.

Граѓаните кои имаат проблем со читање на бар-кодовите од фискалните сметки проблемот можат да го надминат ако ваквите сметки ги прочитаат на апаратите на киосците и бар-код читачите кои, велат, функционираат беспрекорно и многу подобро од читачите на телефоните, а постои и можност бар-кодовите на ваквите нечитливи сметки да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некои од регионалните и подрачните канцеларии на УЈП.

Промовирани огласи »

За потребите на претставништво на хрватска фармацевтска компанија PharmaS вработуваат СТРУЧЕН МЕДИЦИНСКИ СОРАБОТНИК: https://kariera.mk/job/X8-WQlH7RU-ZLNP1LBoOBA/struchen-medicinski-sorabotnik

Каз Груп нуди солидни услови за работното место КОМЕРЦИЈАЛИСТ: https://kariera.mk/job/2v0tiTjRKUSv1iWY20Flpg/komercijalist

АЛКАЛОИД со отворени над 20 слободни работни места. Погледнете ги на следниот линк: https://kariera.mk/job/w1J_5TA1-EOe5zdRB0_qPA/alkaloid-ad-skopje-gi-objavuva-slednite-slobodni-rabotni-mesta

Мотиви за потребите на свој клиент, реномирана компанија, вработува вкупно 5 извршители во ОДДЕЛ ПРОИЗВОДСТВО - КОЗМЕТИКА: https://kariera.mk/job/PBqWXqyA-Umelr2YxAWX4w/rabotnici-vo-proizvodstvo-kozmetika

Зонел Софтвер има потреба од ПРОГРАМЕР. Целиот оглас на следниот линк: https://kariera.mk/job/D3Tk9IJcaEixnXy4E68DmA/oglas-za-programer

Септима распишува конкурс за работната позиција МАГАЦИОНЕР -  ВОЗАЧhttps://kariera.mk/job/aORfttainU-frzjLLQQfBg/magacioner-vozach

Даути Комерц е во потрага по МИКРОДИСТРИБУТЕР ЗА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК за реон СТРУГАhttps://kariera.mk/job/fe7ylYXn2k2miJ1byJvAfg/mikrodistributer-za-ovoshje-i-zelenchuk-reon-struga

Халк Осигурување има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на работната позиција РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ во продажно место ТЦ Капитол Мол: https://kariera.mk/job/QmNtiRnwq0uNFHVs2gYUmw/oglas-za-vrabotuvanje-na-referent-za-prodazhba-na-osiguruvanje

IRISH PUB има потреба од: САДОМИЈАЧ, ГОТВАЧ/КА, ШАНКЕР/КА и КЕЛНЕР/КА. Повеќе на следниот линк: https://kariera.mk/job/RIKQu_SllUCPbAjMXb4f8w/personal-za-vo-restoran

Тренд Фуд Бар за потребите на Кафана ШПАЈЗ, има отворено повеќе работни места. Сите активни огласи се достапни на следниов линк: https://kariera.mk/company/lEughQW9GUC3clsFLZPOqQ/trend-fud-bar

Промовирани огласи »

Каша попара уште на старт. Апликацијата Мој ДДВ преку која граѓаните ќе прават поврат на ДДВ за оние кои имаат Епл телефони уште не е достапна.

Не запираат поплаките кои пристигнуваат од граѓаните токму за овој проблем.

Ние сме дискриминирани. Реално е така. Поминаува и четвртиот ден откако ја пуштија апликацијата а таа уште не е достапна за нас кои имааме ајфони. Какви се тие програмери и зошто од УЈП брзаа да ја пуштат кога истата е полна со недостатоци-прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Од УЈП убедуваат дека апликацијата е недостапна бидејќи се работи за мултинационален телефон и дека истата во наредните денови ќе профункционира.

Се работи за посложена мрежа и затоа ќе доцни спроведувањето на апликацијата. Наскоро очекуваме и корисниците на Ајфон да имаат пристап до својата апликација. Службите во сите дирекции се на располагање на граѓаните, а секој на кого му е потребна помош може да се јави кај нас, рече Сања Лукаревска, директорката на управата, при презентирањето на апликацијата.

Промовирани огласи »

Иако првично најавите беа дека електронската наплата ќе почне од мај, со задоцнување веројатно најмодерниот контролен центар за безбедност и контрола на патиштата во регионот кој го добива Македонија ќе биде отворен денеска.

Според најавите од Влада Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатија за државни патишта, Зоран Китанов ќе присуствуваат на отворањето на Контролниот центар за патарини и патишта, кај наплатниот пункт Петровец.

Со пуштањето на Центарот ќе се олесни протокот на возилата на патарините и ќе се намали метежот, особено во летниот период“, кажа Сугарески при една прес конференција

Според директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, контролниот центар е граден според примерот на европскиот модел за контрола на сообраќајот. Инвестицијата изнесува 18,6 милиони евра и штом ќе завршат сите процедури во овој објект, ќе стартува електронската наплата.

„Преку Центарот ќе се контролираат сите патарини на коридорите 10 и 8, а со него ќе бидат поврзани и камерите што во иднина треба да бидат поставени покрај сите автопатишта и контролните пунктови во Неготино кај автопатот Демир Капија-Смоквица и тој што ќе се гради во Кичево за автопатот кон Охрид. Има и посебен кол-центар каде што ќе може да се пријават проблеми на патиштата. Од Центарот ќе може да се контролира и мониторира целиот сообраќај во Македонија. Што било да се случи, навреме ќе може да се пренасочи сообраќајот и да се интервенира“, посочи еднаш  Китанов.

Исто така од Центарот ќе може да се контролира и мониторира целиот сообраќај во Македонија. Што било да се случи да не се создаваат колони од автомобили и да не се чека на пример за сообраќајка која го запрела патот, навреме да може да се пренасочи сообраќајот и да се интервенира и со амбулантни и противпожарни возила. Ова ќе биде окото на целата патна инфраструктура во Македонија.

На стартот на новиот електронски систем за наплата, со кој патарина ќе се плаќа со безконтактни смарт картички и со микробранови транспордери, одреден временски период ќе има можност и за плаќање во готово.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »