Промовирани огласи »

Државата им вратила на фирмите 7,8 милијарди денари (126 милиони евра) во првите четири месеци годинава како поврат на платениот Данок на додадена вредност (ДДВ). Сумата е за 2,3 отсто пониска од повратот кој бил извршен во истиот период лани. Овој пад е во време кога има благ пораст на вкупно собраниот ДДВ. Во последниот извештај на Министерството за финансии каде е нотиран овој тренд не се дава образложение за показателите. Повратот на ДДВ за фирмите беше еден од адутите на сега веќе поранешниот министер за финансии од СДСМ Драган Тевдовски. Тој уште кога дојде на функцијата најавуваше дека повратот ќе се прави брзо, ефикасно и навремено, за да им се олесни на фирмите и да се ликвидни. И навистина лани ова време, повратот на ДДВ за првите четири месеци од 2018 година беше дури за 40 отсто повисок од остварениот во 2017 година. Но каде се лизна сега тој поврат?

„ДДВ е наплатен во бруто износ од 24.753 милиони денари, од кои на даночните обврзници им е извршен поврат во износ од 7.775 милиони денари. Бруто наплатата е повисока за 5,1 процент, додека повратот по основ на ДДВ е понизок за 2,3 отсто споредено со истиот период од 2018 година. Во структурата на ДДВ најголемо е учеството на ДДВ од увоз кој забележува поголемо остварување за 6,7 отсто, додека ДДВ од прометот во земјата забележа зголемување од 1,6 процент, стои во извештајот за краткорочните економски движења во земјава а кој се однесува на периодот до април годинава.

Екс министерот Тевдовски лани тврдеше дека државата извршила поврат за 40 отсто повисок од претходната година.

Повратот на ДДВ кон фирмите се прави навремено и неселективно, што е значаен импулс за поддршка на нивните редовни активности и инвестиции, рече тогаш Тевдовски.

Моментно Министерството за финансии нема министер, а функцијата ја извршува лично премиерот Зоран Заев. На позицијата нема лесна задача. Пред него се вакви предизвици, но и ребалансот на буџетот.

Промовирани огласи »

Регулаторна Комисија за Енергетика донесе одлука за промена на цените на бензинот и дизелот.

Бензинот поскапува половина денар, а дизелот се намалува за истиот износ.

Еуросупер БС 95 е сега 69 денари, додека Еуросупер БС 98 71 денари за литар, а од друга страна Дизелот се продава за 61 денари по литар.

Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар

Промовирани огласи »

Српскиот Парламент ги усвои измените на Законот за такси за користење на јавни добра, со што ќе се зголеми цената на патарините во Србија за 12%.

Цената на патарините се зголемува за да се одржи понатамошното градење и одржување на патиштата и делумно да постигне усогласување со Директивата на Европската Унија, во која се предвидува дека патарината треба да обезбеди реални трошоци за одржување, развој и изградба на автопати.

Министерот за финансии, Синиша Мали, рече дека 2019 година е клучна и можеби најважна за развојот на инфраструктурата во последните 70 години.

Мали рече дека работи на изградбата на таканаречениот моравски коридор долг 110 километри, кој ги поврзува Чачак, Краљево, Крушевац, Појате и кој е важен за понатамошниот развој на Централна Србија, и дека ќе почне да гради четири или пет нови автопати.

Тој додаде дека на српските патишта има повеќе автомобили, тврдејќи дека во 2018 година поминале 53.800 возила, што е за 45 отсто повеќе отколку во 2014 година.

Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат веќе од полноќ.

Минатата недела цените се зголемија од еден денар до денар ипол.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголеми за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ,  ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот е 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот е 34,849 ден/кг.

Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период. 

Останува да видиме дали не очекува уште едно зголемување на цените.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »