Промовирани огласи »

И покрај декларациите дека е скап, Македонците платиле 10.000 зелени картони повеќе за една година за своите патнички автомобили, вели пресметката на Националното биро за осигурување, споредувајќи ги 2018 и 2017. Оваа полиса се смета како дополнителен издаток за оние граѓани кои патуваат надвор од земјава со сопствен автомобил. Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот, па затоа го вадат само кога мораат, односно кога патуваат во странство. Кај нас ова осигурување со важност од еден месец чини 30 евра, a за една година 60 евра. Во поголемиот дел од земјите од регионот неговата цена е околу 10 евра, со тоа што е поврзан со домашното автоосигурување и се добива при самата регистрација на возилото.

Вкупно 183.118 сопственици на патнички автомобили од Македонија уплатиле за зелен картон во 2018-та година на некоја од осигурителните компании и исплатиле 773 милиони денари, а за возврат добиле отштета од 146 милиони. Лани бројот на вакви потреби бил 173.517, а исплатени за тоа биле 734 милиони денари. Иако во предизборната програма на актуелната власт се споменува можност за намалување на цената на зелениот картон и граничното осигурување без премногу експлицитни детали, засега се уште нема никакви најави за тоа.

Во 2018 година, по овластување на Бирото, се издадени вкупно 203.392 меѓународни зелени карти за сите видови на возила, што претставува зголемување од 5,86 отсто во споредба со 2017 година, кога беа издадени 192.124 зелени карти. За да се намали злоупотребата на зелени карти, со Министерството за внатрешни работи воспоставена е тесна комуникација за контрола на зелените карти на нашите граѓани кои патуваат во странство, но и на зелените карти од странски државјани кои влегуваат на територијата на Р. Македонија, велат од Националното биро за осигурување.

Зелениот картон е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на системот на зелена карта. Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 киловати e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и за автобусите е 17.222 денари. Важност на годишната зелена карта е во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност, односно истекува со регистрацијата.

Пораст е забележан и кај бројот на договори за задолжителното автоосигурување, особено кај автомобилите. Бројот на „регистрации“ на овој тип на возила изнесувал повеќе од 473 илјади. Станува збор за околу 25 илјади повеќе за само една година, а во корист на оваа бројка исто така е и податокот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, каде се евидентирани 43 илјади „регистрации“ повеќе кај сите возила кај кои тоа е задолжително.и безмалку 5 милиони евра повеќе платени за тоа..

Вкупно 473.234 автомобили со уплата од 2,5 милијарди денари, а со исплатена штета од 1,34 милијарди бележи задолжителното осигурување во Македонија. Товарните возила биле 48.633 и соодносот на уплатена премија и исплатена штета е уште поголем.

Промовирани огласи »

Како што веќе најавивме, Скопје на 18.07 го добива својот прв Retail Park - POINT Retail Park. Еден од најубавите концепти за пазарување во светот, кој повеќето луѓе го обожаваат пред се поради лесниот и единствен начин на пазарување на принцип Stop & Shop, наскоро ќе биде презентиран и кај нас.

По повод отворањето предвидени се голем број на забавни активности како за најмладите така и за повозрасните. Големи акции, попусти и најважно од се, Late Night Shopping во кој посетитителите ќе можат да уживаат до полноќ купувајќи ги своите омилени парчиња на гардероба или нешто за својот дом.

Забавата е предвидено да започне за најмладите уште во 12 часот со песни и забава, а ќе можат да уживаат во убави песни, фотографирајќи се со омилените картолини и да играат на професионалните играчки за деца кои ќе бидат поставени за нив.

Од 19 часот е предвидено и свеченото отворање на Point Retail Park каде се очекуваат голем број на луѓе и гости. Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска према и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, , игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2.  Point Retail Park се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места. Инвеститор на Point Retail Park  е компанијата Али Тобако.

Не заборавајте дека на 18.07.2019 започнува со работа првиот Retail Park кај нас.Запомнете ја датата.

Промовирани огласи »

Јапонските компании се познати по долгите, строги работни часа, но сето тоа наскоро ќе се промени. Неколку компании избраа да пробаат нов распоред што на работниците им овозможува да работат само 4 дена во неделата и да уживаат во подолг викенд. Но, условот е секој вработен да работи 10 часа.


Причината зошто оваа промена е добра е тоа што на работниците им дава поголема флексибилност. Работниците имаат повеќе време да се релаксираат благодарение на долгиот викенд. Посреќни работници исто така значи дека имаат помалку веројатност да дејствуваат на деструктивен начин.

Јапонија сè уште е далеку од четиридневната работна недела во секоја компанија. Сепак, на тие што работат во услужни дејности или во полето на медицината најмногу им се потребни овие промени за да бидат поенергични и подобро подготвени за работниот ден.

Промовирани огласи »

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија доплер радари за означување дозволена и ограничена брзина на булевар „Србија“. 

Досега се поставени 8 доплер радари (по 2 на булевар) на булевар Србија, булевар 8. Септември, булевар Словенија, булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а набрзо ќе бидат поставени и на булевар Борис Трајковски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »