Промовирани огласи »

Во рамки на фестивалот „Summerland“ демес преку ден е предвидена детска програма. Од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечер од 22:00, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

Во недела на Школка , од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.

Промовирани огласи »

Уште едно ново место за скопјани. Изградбата на овој рекреативен адреналински велосипедски парк - велодром, се очеува да започне до крај на годинава, а да биде готов до пролет наредната година. 

Веледромот ќе се гради во Градскиот парк во близина на Сточарскиот институт или зад ЈП Паркови и зеленило.

Покрај рекреатавен дел, велодромот ќе има и придружна урбана опрема како клупи, маси, тоалет… 

Град Скопје има обврска да го расчисти просторот, но нема да се сечат дрвја.

Промовирани огласи »

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук денеска ќе потпишат договор за безвизен режим меѓу двете земји.

Во најавата од МНР пишува дека средбата ќе започне со потпишување на спогодба меѓу владите на двете земји за условите за меѓусебни патувања меѓу граѓаните на двете земји. 

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека апликацијата Мој ДДВ веќе е достапна на Аpple store за корисниците на iOS. Станува достапна 11 дена по стартот на овој проект со кој на граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе им се врати по 15 отсто од платениот ДДВ.

УЈП неодамна соопшти дека за пет дена од стартот на проектот „МојДДВ“ граѓаните „заработиле“ 120.000 евра од скенирањето на фискалните сметки со своите мобилни телефони. Апликацијата до тогаш или до 5 јули ја симнале 58 илјади државјани, а очекувањата се да бидат половина милион корисници. 

Заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“ апликацијата МојДДВ до вчера не беше достапна за корисниците на „ајфони“. Сепак сега е достапна на  https://apps.apple.com/…/moja-banka-mobile-ban…/id1472553785

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »