Осигурителните компании минатата година склучиле 381.949 договори за туристичка помош каде спаѓаат и патничките осигурувања. Најголем број, како што наведуваат од осигурителните компании, се склучуваат во летната сезона.
Податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето на Република Македонија покажуваат дека од година во година има раст на склучените договори, така во претходната година биле склучени 364.092 договори за туристичка помош.
Вкупно полисираната премија изнесувала 178.514.000 денари, исплатените штети 49.401.000 денари, а бројот на ликвидирани штети во текот на 2016 година изнесуваат 3020, покажуваат објавените подтоци од осигурителните компании.
Патничкото осигурување, како што посочуваат е едно од ретките осигурување покрај задолжителните, за кое постои поголема свест за неговата важност.
Со полисата, зависно од избраниот пакет, се покриени трошоци за лекување од незгода и акутна болест при болничко и вонболничко лекување, операции како и трошоци за операции, стоматолошки третман, враќање посмртни останки, репатријација по завршено лекување, репатријација од странска земја или од болница во земјата на живеење, итна достава на лекови, сместување со болно дете на ден, посета на болно дете, осигурување од последици на несреќен случај, задоцнето пристигање багаж, губење од 12 и повеќе од 24 часа, кражба или уништување багаж, повраток на деца без старател и замена на откажан состанок.