ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област. Нашата основна дејност... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник

 

За потребите на МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на програмата од италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија (додатоци во исхраната), бараме

три (3) Стручни соработници (м/ж) со следните  квалификации:

 

  • Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

 

ЕСИ с.р.л. е компанија од Италија, која постои од 1975 година, и денес е најдобра во Италија и пошироко во производството на додатоци на исхраната (хербални производи), а кај нас е присутна на пазарот од 2004 година.

 

МЕДИКУС е  

  • успешна и стабилна компанија која постојано напредува
  • угледна компанија која сите ја почитуваат

 

МЕДИКУС е компанија

  • каде има градење на тимски дух, пријатна, ведра, стимулативна и динамична атмосфера
  • каде ќе бидете почитувани и наградени за успехот во работата

 

МЕДИКУС е компанија во која посебно се цени

  • вложениот труд и одговорниот однос кон работата
  • стручната способност и амбицијата за стручно усовршување
  • одличната комуникација со колегите и клиентите

 

МЕДИКУС е компанија која нуди

  • можност за стручно усовршување
  • договор на определено време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено време
  • солидна и мотивирачка почетна плата зависно од искуството

 

Во колку сте подготвени да ги прифатите и со ентузијазам да ги извршувате следните обврски и одговорности:

  • Спроведување на предвидените маркетинг активности,
  • Остварување на предвидениот план за продажба

 

што подразбира:

  • Патување на територија на Македонија
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти
  • Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата ЕСИ и производите
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

 

Испратете ваша апликација за учество на конкурс за вработување со:

  • резиме (кратка биографија) со фотографија,
  • мотивациско писмо,
  • уверение за завршено соодветно образование, како и
  • копија од возачка дозвола

 

најдоцна до 15.11.2021 година на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »