Уште едно ново место за скопјани. Изградбата на овој рекреативен адреналински велосипедски парк - велодром, се очеува да започне до крај на годинава, а да биде готов до пролет наредната година.
Веледромот ќе се гради во Градскиот парк во близина на Сточарскиот институт или зад ЈП Паркови и зеленило.
Покрај рекреатавен дел, велодромот ќе има и придружна урбана опрема како клупи, маси, тоалет…
Град Скопје има обврска да го расчисти просторот, но нема да се сечат дрвја.