Промовирани огласи »

Приватна пракса Стоматолошка Лабораторија Ненад Миковиќ, ординација во ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА бара ЗАБНИ ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДДЕЛИТЕ КЕРАМИКА И КОНСТРУКЦИЈА: https://kariera.mk/job/DGxW4J1RGka99XRDHVTgcw/zaben-tehnichar-vo-oddel-keramika-m-zhhttps://kariera.mk/job/PtJiDgSf4kG8UBnSjYygWg/zaben-tehnichar-vo-oddel-konstrukcija-m-zh

Плата од 21.000 денари за ДИСТРИБУТЕР/ВОЗАЧ во Карго Експрес: https://kariera.mk/job/Jt3RF7nkjEiQVnWSPHl42w/distributer-vozach

Отворени ПОВЕЌЕ РАБОТНИ МЕСТА во Белгискиот производител на автобуси - Ван Хоол: https://kariera.mk/job/bl0YmJYvYEWLcRMW1n-jBA/povekje-rabotni-mesta

ОзонАир има потреба од РАБОТНИЦИ за едноставни работи во производство: https://kariera.mk/job/wltNXkYqiE6PolzEH6AhJQ/opshti-rabotnici

Анхоч со отворени работни места за повеќе позиции во КУМАНОВО, СКОПЈЕ, БИТОЛА, ГОСТИВАР, ТЕТОВО И ПРИЛЕП: https://kariera.mk/job/Nx0O05BtOk2PdrwUoP-euQ/anhoch-nov-konkurs-za-vrabotuvanje

Аспектус Фарма, фармацевтска компанија која е ориентирана кон високо производство на лекови вработува на позицијата ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ (QA): https://kariera.mk/job/APXfk_Dg-kKH74yp2LJ-hg/obezbeduvanje-na-kvalitet-qa

Matrix Global, успешна IT компанија, го проширува својот тим и за таа цел има отворено ПОВЕЌЕ РАБОТНИ МЕСТА кои можете да ги погледнете на следниот линк: https://kariera.mk/company/LLRpve2eT0G5RH1HfFbQ3Q/matrix-global

Промовирани огласи »

Еколошки налепници, субвенции за вградување на плински уреди во возилата и замена на стари со нови возила.Ова се дел од новините кои ќе бидат воведени во новиот Закон за возила.

Мерките поминаа во Собрание а како што информираше министерот Бектеши новина ќе биде и субвенционирањето за вградување уреди на течен нафтен гас или компримиран земјен гас односно метан.

-Ќе има категоризација на возилата во зависност на стандардите кои ги исполнуваат кои ќе бидат одбележани со зелена, жолта и црвена налепница, а се воведуваат и жолти регистарски таблички за таксистите и унифицирана светлечка табла за такси возилата-кажа Бектеши.

Бектеши дополни:

-Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво. Се предвидува да се субвенции од 2.000 - 3000 евра во денарска противвредност за набавка на ново возило, и во првата година се предвидува да бидат опфатени над 200- 500 возила“.

Според кажаното, еколошката налепница ќе биде на доброволна основа. Таа нема да биде обврска за сите граѓани а бојата ќе биде зависно категоријата на возилото.

„Прва еколошка категорија ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 и повисоко, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 и ЕУРО 3 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, хибридните возила и електричните возила, како и возилата кои имаат вградена опрема која ја намалува емисијата на гасови во воздухот и ги достигнуваат стандардите на EURO 4,5 и повисоко. Втора еколошка категорија, ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 4 и ЕУРО 3, а трета еколошка категорија, ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови“ 

Она што засега не е познато е од кога ќе почнат да важат овие мерки.

Промовирани огласи »

Компаниите „Кока-кола“ и „Пепси“, двата најголеми продавачи на пластични шишиња со пијалок, решија да го напуштат лобито на производители на пластика, објави „Си-ен-ен“.

И двете компании за безалкохолни пијалоци работат на зголемување на употребата на еколошки прифатлива пластика, односно сакаат да ја подобрат својата инфраструктура за рециклирање и да се осигураат дека користат производи кои може да се рециклираат.

Всушност производителите не се согласуваат со кампањата на Здружението од индустријата за пластика, поради која во соединетите држави забраната на пластика е прогласена за незаконска.

Здружението зазема ставови кои не се во целост во согласност со нашите обврски и цели, објави минатата недела „Кока-Кола“, истакнувајќи дека компанијата се повлекла од групата порано годинава. „Пепси“ коментираше дека се приклучиле во здружението за да научат за иновациите во однос на „кружната економија на пластиката“, но тоа не било случај.

Прекинувањето на соработката со Здружението од индустријата за пластика е знак дека компаниите сфаќаат оти не можат јавно да промовираат свест за животната средина, додека финансиски поддржуваат здружение кое лобира за континуирана примена на пластика за еднократна употреба, изјави Џон Хочевар, директор на „Гринпис САД-Океани“.

Промовирани огласи »

Според податоците на Евростат, 61,2 отсто од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат седумдневен одмор во некое одморалиште во текот на годината.

Сепак, бројот на оние кои не можат да одат на одмор бележи пад во однос на 2010 година од кога се води статистичка евиденција за земјава, кога тој процент бил 74,2.

Во Европската Унија, пак, на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години.

Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од Грците.

Наспроти нив еднонеделен одмор надвор од своите домови не можат да си дозволат само 10,9 отсто од граѓаните на Луксембург и 9,7 отсто од Швеѓаните.

Од државите кандидати за членство во ЕУ, на седумдневен годишен одмор не можат да одат 56,9 отсто од граѓаните на Србија и 60,8 отсто од Турците.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »