Обезбедување на квалитет (QA)

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО Скопје  е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови.

 

Обезбедување на квалитет (QA)

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

 

  • ВСС Образование -  Потребно е кандидатот да има завршен Фармацевтски факултет, пожелно е да има Специјализација од Контрола на квалитет или Фармацевтска технологија ( но не е задолжително);
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Познавање на MS Office
  • Потребно е работно искуство од минимум 3 години во Обезбедување на квалитет и имплементација на системи за квалитет или производство на фармацевтски производи;
  • Предност ќе имаат кандидатите со искуство во областа обезбедување  на квалитет во фармацевтска или во слична индустрија;

Одговорности и работни задачи:

  • Имплементација на Процедурата за пуштање на серија на лек во промет во согласност со Македонските закони за лекови;
  • Издавање на соодветен Сертификат за квалитет;
  • Изготвување на годишни прегледи за фармацевтските производи;
  • Имплементација, одржување и подобрување на Системот за обезбедување на квалитет и системот за животна околина согласно GMP, ISO 9001 и ISO 14001;
  • Управување со системот на документи на сите нивоа на документациска  хиерархија;
  • Подготовка и спроведување на интерни проверки на Системот за обезбедување на квалитет;
  • Одобрување на фармацевтска документација за регистрација;
  • Управување со процедурата за контрола на промени;
  • Одобрување на документацијата за валидација и квалификација;
  • Управување со процедурата за  рекламации на производи и повлекување од пазар (доколку постојат);
  • Определување и спроведување на корективни/превентивни мерки;
  •  Проценка  на девијациите и резултати кои не одговараат на  спецификациите;
  • Проценка, проверка и одобрување на добавувачи на активни фармацевтски супстанции;
  • Планирање и организација на обука според работните позиции на вработените, организација на изведување и периодична оценка на обуката;
  • Учество во подготовка и одобрување на Договорите за квалитет;
  • Организација на редовни сертификации и ресертификации за квалитет и придружба на  сите надворешни најавени инспекции за Добра производна пракса.

 

Дополнителни информации:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] ,  моб за контакт: 071 284 733

 Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 14.08.2019

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »