Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи на 14 март ќе одржи аукција на предмети запленети од даночни обврзници.

На продажба се нудат автомобили со почетни цени од 1.500 евра нагоре, телевизори со почетни цени од 50 евра нагоре, машини за шиење, товарни моторни возила, комјутери, бироа, маси и столици, разлилни алати, па дури и томограф.

Повеќе детали за условите за учество во аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетните цени ТУКА.

Промовирани огласи »

Скок од над 44% или 401.956.529 денари бележи прометот кој Македонска берза го остварила во февруари, покажа извештајот на најновиот билтен на Берзата.

Најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза се хартиите од вредност на Комерцијална банка (31,6%), НЛБ Банка (21,14%) и Алкалоид (6,84%).

Најголем раст кај прометот во февруари има кај блок трансакциите каде што прометот регистрирал 182% .

Вкупниот број на трансакции достигна 1.289, а Индексот МБИ 10 беше на ниво од 2.296,91 поени или за 2,99% повеќе споредбено со претходниот месец.

Што се однесува до пазарната капитализација таа бележи раст од 2,78%

Акциите кои во февруари забележаа најголем раст на вредноста се Оилко КДА (46,31%), Жито Лукс (27,39%) и оние на НЛБ Банка (16,25%), додека наспроти нив пад регистрираа хартиите од вредност на Топлификација ( – 8,92%), Окта ( – 8,30%) и на Винарска визба Тиквеш ( – 6,52%).

Промовирани огласи »

Истражувањето кое го објавило "GoBankingRates", прикажува список од најевтини земји за живот. Критериумите кои ги земале во предвид се просечната плата, трошоците за сместување, цена на производи, ресторани и превоз.Топ 50-те земји каде животот е најевтин се споредени на следниот начин, од "најскапи" до најевтини, а рангирањето изгледа вака:

"Најскапи" земји за живот кои се наоѓаат на листа од 50. до 41. место се: Белорусија, Перу, Литванија, Хрватска, Мароко, Литванија, Португалија, Египет, Ерменија и Филипини.

Од 40. до 31. место се Бангладеш, Русија, Унгарија, Сирија, Словенија, Германија, Тунис, Шпанија, Естонија и Турција.

Од 30. до 21. место својата позиција ја пронашле Бразил, Грузија, Непал, Албанија, Црна Гора, Алжир, Украина, Азербејџан, Мексико и Романија.

Од 20. до 11 место се наоѓаат во главно држави од нашето окружение: Бугарија, Грција, Србија, Малезија, Чиле, Молдавија, Пакистан, Колумбија, Полска и Босна и Херцеговина.

Во топ 10 најевтини се наоѓаат Македонија, Чешка, Парагвај, Оман, Замбија, Казахстан и Саудиска Арабија. На второто место е Индија, додека "шампион" е Јужна Африка.

Промовирани огласи »

Анализите на терен покажуваат дека се големи ефектите од програмите на владата за вработување.

Според информациите на Агенцијата за вработување на отворените огласи што почнаа во јануари и февруари годинава досега има солиден број апликации, а  само за мерката самовработување со грант се поднесени 902 пријави.

Токму за интересот на мерките за вработување и кои се очекувањата за реализација на оперативниот план за вработување оваа година ТВ НОВА зборуваше со директорот на агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »