Промовирани огласи »

Македонците во 2019-та се убедливо најголем број на странци кои добиле бугарски пасош по основ на потекло. Комисијата за бугарски државјанства соопшти дека во првата половина од оваа година, односно од 1 јануари до 1 јули се издадени 8.362 пасоши за странци, а во структурата доминираат граѓаните од Северна Македонија.

Вкупно 3.619 Македонци добиле бугарски пасош од почетокот на година. На второ место се 1.422 Украинци и по околу 600-тини Молдавци и Израелци.

Има и Срби, Албанци и Турци, но во далеку помал број.

Промовирани огласи »

Екипи на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на популарната „Школка“ во парк.

Во наредниот месец ова омилено катче на скопјани после долго време ќе биде целосно обновено и ќе биде подготвено за почетокот на новата богата културно забавна есенска сезона.

Промовирани огласи »

Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат за МИА од Управа за водење на матични книги.

Во врска со реакциите во јавноста за пополнување на графите во полето државјанство со коси црти (/////), од Управата посочуваат дека тоа било така, бидејќи морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.

Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, во графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат од Управата за водење на матичните книги.

Промовирани огласи »

Вторник, петок, сабота и недела, се една иста приказна. Без разлика дали надвор температурата е под нулата или е плус 40 степени. Овие денови автобусите на ЈСП се полни со пензионери кои се возат бесплатно. 

Некои од нив ги користат тие денови за да одат на преглед кај лекар, некои за да одат за пазарат, да се видат со пријателите или роднините, а има и такви кои прават обиколка од еден до друг крај на градот, само за да се прошетаат. 

Метежот започнува на автобуските станици од раните утрински часови. Возрасни лица со торби, со колички за пазарење, со бастуни, со полесно и потешко движење се туркаат да влезат во автобусите со сите други што тргнале на работа или во некој друг правец.

Во сите тие турканици пензионерите ги забораваат лекарските препораки за тоа како треба да се однесуваат на овие високи летни температури, особено оние што имаат хронични заболувања. За нив, секако, не е препорачливо напладне во 12 часот, кога сонцето е најсилно, да стојат по станиците, а потоа да влезат во климатизираните автобуси. Овие повозрасни граѓани итајќи да го искористат бесплатниот превоз, забораваат дека си наштетуваат себеси, кога паѓаат во колапсни состојби. При таквите падови многу често се случува поединци да завршат и со скршеници, па дури и со операции од таквите трауматолошки состојби, поради што потоа многу долго не ќе можат да си ја подобрат здравствената состојба. Во таквите случаи лекувањето е долго, а тие луѓе можат да заборават на бесплатниот превоз.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »