Промовирани огласи »

Вторник, петок, сабота и недела, се една иста приказна. Без разлика дали надвор температурата е под нулата или е плус 40 степени. Овие денови автобусите на ЈСП се полни со пензионери кои се возат бесплатно. 

Некои од нив ги користат тие денови за да одат на преглед кај лекар, некои за да одат за пазарат, да се видат со пријателите или роднините, а има и такви кои прават обиколка од еден до друг крај на градот, само за да се прошетаат. 

Метежот започнува на автобуските станици од раните утрински часови. Возрасни лица со торби, со колички за пазарење, со бастуни, со полесно и потешко движење се туркаат да влезат во автобусите со сите други што тргнале на работа или во некој друг правец.

Во сите тие турканици пензионерите ги забораваат лекарските препораки за тоа како треба да се однесуваат на овие високи летни температури, особено оние што имаат хронични заболувања. За нив, секако, не е препорачливо напладне во 12 часот, кога сонцето е најсилно, да стојат по станиците, а потоа да влезат во климатизираните автобуси. Овие повозрасни граѓани итајќи да го искористат бесплатниот превоз, забораваат дека си наштетуваат себеси, кога паѓаат во колапсни состојби. При таквите падови многу често се случува поединци да завршат и со скршеници, па дури и со операции од таквите трауматолошки состојби, поради што потоа многу долго не ќе можат да си ја подобрат здравствената состојба. Во таквите случаи лекувањето е долго, а тие луѓе можат да заборават на бесплатниот превоз.

Промовирани огласи »

Фирма во Австралија воведе три слободни дена во неделата и веќе по еден месец забележала големи промени. Медиумската агенција „Верса“ од Мелбурн стигна во светските медиуми поради продолжувањето на одморот во секоја недела, а претпоставените велат дека моделот апсолутно успеал.

Вработените освен сабота и недела, ја имаат слободна и средата.

Ние ја затвораме фирмата во среда, што им овозможува на нашиот тим во својот живот да има време за своето семејство, спорт или спиење, а да не мора сето тоа да го набие во викендот рекол Генералниот директор, Џони Клоу.

Директорката Кејт Блекмен минатата година ја тестирала четиридневната работна недела и многу се воодушевила.

Откако испроба многу флексибилни аранжмани, кои не успеаа (луѓето земаа толку различни слободни денови поради што тоа не е возможно да се контролира), Кејт сфати дека може да создаде слободен ден за сите. Среда има смисла да биде слободен ден бидејќи е на средина на неделата. Го создадовме моделот „две мали недели и тој одлично функционира“ објаснил Клоу.

Од компанијата велат дека им рекле на вработените дека штом нема веќе да функионира овој модел, ќе престанат да го применуваат и дека тоа ги задржува луѓето мотивирани да работат. Вработените се пресреќни, полни со идеи за работа, што носи големи резултати.

Самиот приход порасна за 46 отсто, а задржување на вработените е од 72 до 88 проценти. Тие се пресреќни, а компанијата успева и се надеваме дека со нашиот случај ќе им помогнеме и на другите компании да бидат доволно храбри за тоа заклучува Клоу.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Платформата „Степсон“ посочува дека во Австрија недостасуваат 220.000 професионалци.

Но недостатокот на австрискиот пазар на труд сè уште не се одразува на нивото на плата.

Оваа страница ги анализирала огласите за работа во 22 печатени медиуми и 21 биро за вработување.

Посебна побарувачка за квалификувана работна сила има во ИТ секторот, на скоро сите полиња.

Во првите шест месеци од годинава биле потребни 32.000 технички експерти, како и 30.000 експерти за ИТ.

Исто така, недостигаат и експертите во финансискиот сектор. 23.000 квалификувано работници во финансискиот сектор недостигаат во Австрија.

И покрај недостатокот на работна сила во техничкиот сектор, сегашната плата е околу 45.000 евра годишно, што е под заработката и продажбата на јавниот сектор.

ИТ секторот во земјата недостасува, но е им се нуди голем приход. Квалификуваните ИТ работници земаат околу 55.000 евра плата годишно.

Промовирани огласи »

Ова е првиот автомобил на светот кој може да се вози на подолги дестинации и кој се полни само со помош на сончева енергија..

Соларниот автомобил не е ништо ново и постои веќе подолго време во автомобилската индустрија, но бидејќи истиот не може да обезбеди транспорт за подолги релации, многу брзо го заменија хибридните и електричните автомобили. Меѓутоа, холандската компанија „Lightyear" го претстави својот соларен автомобил кој може да помине 725 километри, што е неверојатен напредок.

Овој автомобил го добил својот назив „Lightyear One“ и тука е за да му покаже на светот дека соларната енергија е најдобриот начин за да се спаси нашата планета. Поради недостатокот на природни ресурси и загадување на планетата, мораме што побрзо да преминеме на извори од чиста енергија. Сонцето не грее милиони години и сончевата енергија незапирливо поминува низ нас. Поради тоа, креаторите на овој автомобил сметаат дека ваквата технологија може да се имплементира на секој автомобил и така да се овозможи во иднина сите да возиме возила кои ќе се движат на чиста, безбедна и бесплатна сончева енергија.

Иако станува збор за прототип кој дури сега треба да се направи, оваа компанија веќе продаде 100 модели од овој автомобил, кои ќе им бидат испорачани на сопствениците во 2021 година. Цената на овој модел автомобил изнесува 119.000 долари, а тој може да се нарача на официјалниот сајт на компанијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »