Промовирани огласи »

Ова е првиот автомобил на светот кој може да се вози на подолги дестинации и кој се полни само со помош на сончева енергија..

Соларниот автомобил не е ништо ново и постои веќе подолго време во автомобилската индустрија, но бидејќи истиот не може да обезбеди транспорт за подолги релации, многу брзо го заменија хибридните и електричните автомобили. Меѓутоа, холандската компанија „Lightyear" го претстави својот соларен автомобил кој може да помине 725 километри, што е неверојатен напредок.

Овој автомобил го добил својот назив „Lightyear One“ и тука е за да му покаже на светот дека соларната енергија е најдобриот начин за да се спаси нашата планета. Поради недостатокот на природни ресурси и загадување на планетата, мораме што побрзо да преминеме на извори од чиста енергија. Сонцето не грее милиони години и сончевата енергија незапирливо поминува низ нас. Поради тоа, креаторите на овој автомобил сметаат дека ваквата технологија може да се имплементира на секој автомобил и така да се овозможи во иднина сите да возиме возила кои ќе се движат на чиста, безбедна и бесплатна сончева енергија.

Иако станува збор за прототип кој дури сега треба да се направи, оваа компанија веќе продаде 100 модели од овој автомобил, кои ќе им бидат испорачани на сопствениците во 2021 година. Цената на овој модел автомобил изнесува 119.000 долари, а тој може да се нарача на официјалниот сајт на компанијата.

Промовирани огласи »

МОТИВИ за свој клиент, реномиран ланец на маркети на прехрамбени продукти, објавува оглас за вработување на КАСИЕРИ за реон Центар и реон Кисела вода, како и ДИСТРИБУТЕР:

https://kariera.mk/job/7Kqh_U0W4EiTTaTQ25axOw/kasieri
https://kariera.mk/job/zzP0LwArG0SJhU2j6UNq0w/distributer

Плата од 19.000 до 24.000 денари! Кинескиот ресторан во Скопје со отворени повеќе работни позиции: https://kariera.mk/company/KArS5BbKf029yKX1hrUXsg/shin-hai

ЗЕГИН со отворени повеќе работни места во БИТОЛА, КАВАДАРЦИ, СКОПЈЕ, ДЕЛЧЕВО и КОЧАНИ: https://kariera.mk/company/Q8HvJOYTcEuiRgt17rTJwQ/zegin-doo-skopje

InPlayer има потреба од SPORTS HIGHLIGHTS AUTOMATION ANALYST: https://kariera.mk/job/Ah1ZXi4kCEyeZV6QGMUafQ/sports-highlights-automation-analyst

КЕМЕТ со отворени 2 работни места за WAREHOUSE SUPERVISOR и QUALITY MANAGER: https://kariera.mk/company/tCLwSMpJbUSl_hN5XZb19A/kemet-electronics]

Туристичка агенција АГЕНТУР има потреба од ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК кој поседува добри преговарачки и комуникациски вештини: https://kariera.mk/job/jBba3sQPqU6iUHQuVtu4Uw/turistichki-rabotnik

Fitness House вработува ГОТВАЧ / ПОМОШНИК ГОТВАЧ: https://kariera.mk/job/q4OaZ28-kUaV8O5jLeOFXA/gotvach-pomoshnik-gotvach

Промовирани огласи »

Париз реши да го ограничи бројот на електрични тротинети, а Белгија и Германија воведуваат строги правила за нив поради поради попречување на пешаците.

Електричните тротинети за кратко време ја освоија Европа и остатокот од планетата, но како што наведува Политико, сега на тоа му доаѓа крај.

Поради големиот број несреќи кои ги предизвикале корисниците на овој вид превозно средство и гужва и загрозување на безбедноста која ја создаваат на тротоарите, европските градови одлучиле драстично да ги заострат прописите.

Само во Брисел ваков бизнис водат шест специјализирани компании за електрични тротинети со вкупна флота од 7.000 возила, но од септември ќе има строго ограничени места каде ќе им биде дозволен паркинг, проследен со други ограничувања.

Привлечноста на овие возила како алтернативно превозно средство се потпира на тоа што корисниците кои ги изнајмуваат може секогаш да ги најдат кога им се потребни, а што често доведува до преголем број на тротинети кои ги преокупираат тротоарите и на разни начини им пречат на пешаците. Така, да кажеме, и градоначалничката на Париз Ан Идалго побарала во мај годинава да се ограничи бројот на тротинети во градот и компаниите кои ги изнајмуваат да бидат исфрлени од престолнината.

Изгледа дека тротинетите ги обезхрабруваат луѓето да користат еколошки прифатливи начини на движење, па и јавниот превоз. Така, во неодамнешна анкета дури 44 отсто од испитаниците рекле дека електричниот тротинет им претставува замена за одење, а дури 30 отсто велат дека јавен превоз би користеле кога би немале тротинет.

Забележани се и несреќи со овие возила. Прва со смртен епилог се случила во мај во Брисел, а во јуни и едно 25 годишно момче го изгубило животот во судир со камион. Фатална средба со камион имала и една популарна млада ТВ водителка. Испаднало дека таа воопшто не ги знаела сообраќајните правила.

После низата несреќи во кои учествувале тротинети ширум Европа, а во шведскиот град Хелсингборг истото попладне после загинувањето на еден корисник на тротинет, деловен човек на пауза за ручек, избиле демонстрации со барање сите тротинети секаде да се забранат.

Минатата недела е повредено седумгодишно момче во Белград кога на него, пред зградата во која живее, налетала личност со електричен тротинет. По повод се поголемиот број несреќи наскоро со измени во Законот за безбедност во сообраќајот би требало да се регулира и областа на спомнатите електрични тротинети, а некои од предлозите во соседството се да се воведе задолжително носење на кациги, исклучиво движење по велосипедска патека и сл.

Промовирани огласи »

Со парична казна од 1500 евра и одземање на возачката дозвола за еден месец може да се соочат таксистите, возачите на автобуси и возачите на секаков вид јавни возила во Грција доколку пушат додека возат, според нови прописи од грчкото Министерство за здравство, објавени од грчките медиуми.

Доколку во возилото има дете под 12 години, тогаш паричната казна е двојно поголема, односно возачот ќе треба да плати 3000 евра.

Еден од приоритетите на новата грчка влада како во предизборниот период, така и по изборите е да се спроведе целосно законот за забрана на пушење на јавни места, а Министерството за здравство на Грција веќе издаде циркуларно писмо во кое објаснува каде треба да се применува конкретниот закон, jави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавуваат дека веќе се испратен и нови насоки со предвидените казни за пушење цигари во автомобили.

Според „То Вима“, доколку во возилото, без разлика дали е јавно или приватно има дете до 12 години, тогаш забрането е пушењето цигари, а казните во случај на прекршување се 1500 евра за пушачот без разлика дали е возач или совозач.

Забраната за пушење на јавни места се однесува и на електронските цигари.

Извор: МИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »