Промовирани огласи »

23,3 милиони евра е сумата која државата ја инкасирала од граѓаните, односно од патарините ширум земјава.

Tие пари на контото на буџетот легнале за седум месеци а процентуално растот на износот е 4 отсто,

Најмногу пари според ЈПДП се остварени од патарината кај Романовце а раст бележат сите патарини.

Пред еден месец во функција беше ставена и електронската наплата на патарините при што скоро седум илјади картички се купени од граѓаните.

Наскоро ќе почне и изградбата на две нови патарини кои ќе никнат на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид.

За најскапата патарина пак граѓаните плаќаат 100 денари, првата од двете патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица.

На втората патарина на истиот овој автопат која треба да почне со наплата следната година ќе се наплаќа 80 денари. Со оваа давачка, за пат од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.

Промовирани огласи »

„Фајненшл тајмс“ во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд  инвестициите ФДИ за 2019.

Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија има огромен пад за само 2 години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив.

Србија е прва, а Македонија за две години од 3-то потона на 18-то место според директни странски инвестиции.

Зад Србија следи Црна Гора. БиХ е на 15-то место, на 17-то место е Бугарија, Романија е 24-та. 

Во топ 5 се и Камбоџа, Литванија, и Малта. 

На дното на листата се Португалија, Чешка и Салвадор. 

Промовирани огласи »

Следниот неработен ден е во среда. 

На 28 август, среда, се паѓа празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и тој ден е неработен за православните верници во земјава.

Промовирани огласи »

На 15-тина дена до стартот на учебната година не се знае што ќе биде со невакцинираните првачиња. Дали ќе останат дома или ќе тргнат на училиште па при теренска вакцинација ќе ги примаат задолжителните вакцини од министерството за образование не добивме одговор.

Ресорното министерство нема ниту статистика на колку деца од мај досега им биле примени документите, но не биле запишани бидејќи немале уреден вакцинален картон.

 По неколку месечни препукувања меѓу здравство и образование пролетта Владата на седница одлучи во септември во училишните клупи да седнат само децата кои ги примиле сите вакцини, но од друга страна и основното образование остана задолжително. Казните за двата прекршоци се 1500 евра. И Филипче и Адеми си ги бранеа законите секој за својот ресор.

Нема да отстапиме да се примаат само вакцинирани деца, изјави на 11 мај министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Се предвидени казни и кога детето не следи образовен систем и не е дел од основното образование, изјави на 15 мај министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Целата прашина се дигна по прогласувањето на епидемијата на морбили. Иако имаше масовна вакцинација, сепак во државата уште има околу 8.600 деца до 14 години кои не примиле МРП.

Во земјава досега регистрирани се близу 1900 заболени од мали сипаници, а 4 деца починаа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »