Промовирани огласи »

Ќе се подобри ли статусот на пензионерите? Така барем најавуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Имено, се најавува скок на минималната пензија за 36 денари, додека просечната се очекува да се зголеми за 63 денари.

Ако се споредат податоците од 2016 година пензиите тогаш изнесуваа 13 754 денари додека во 14 530 денари достигнаа во 2019.

Промовирани огласи »

Ова е третата година по ред во која во октомври се очекува нов бран на позитивна енергија. Минатата година во Скопје над 1.600 учесници излегоа на булеварот. Илинден во склоп на Skopje Run 10K. Организатор повторно е тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.

Секој заинтересиран може да се пријави од денес, 22. август 2019, после 10 часот. Тие кои ќе се пријават во првите 2 дена, 22. и 23. август 2019, ќе може да го одберат својот стартен број. Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6. октомври 2019 во 09.00 часот. Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.

За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Промовирани огласи »

Со помош на Фондот за иновации и технолошки развој, „Пакомак“ стана првата македонска компанија што го воведува светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки.

Целта на поставувањето на повратните вендинг машини (ПВМ) е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со самото учество во процесот ќе бидат соодветно наградени со т.н „зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.)

На почеток, „Пакомак“ ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување машини на целата територија на државата. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.

Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива производ), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина“. Она што започна како експеримент во 70-тите години на минатиот век во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад.

Промовирани огласи »

Географскиот атлас на светот е класичен атлас, а тоа значи дека во него се вклучени сите континенти и држави. Станува збор за ексклузивно издание на Просветно дело изработено со најсовремен пристап на дигитално и тематско гис-мапирање, при што се користени специјални, глобални тридимензионални (3Д) подлоги на релјефот на копното, на морското и океанското дно. Тој ќе ви овозможи запознавање на реките, планините, езерата, градовите и се што ќе посакате да откриете од областа на географијата.

Немите карти во издание на Просветно дело се одлично дополнување кон Географскиот атлас, како во наставата и за потребите на учениците, така и за индивидуални потреби на сите оние кои сакаат да си ги прошират своите знаења од областа географија.

Немите карти ги опфаќаат: картата на Македонија, која е дополнета со тематски прашања, картите на Европа и Азија дополнети со задачи во координација со наставните содржини, како и карти на Африка, Америка, Австралија и поларните области, исто дополнети со прашања за проверка на стекнатите знаења.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »