Промовирани огласи »

Голем број на родители немаат информација дали нивните деца од септември ќе бидат примени во градинката во која поднеле пријава за запишување или не. Родителите, бидејќи ја немаат основната информација не знаат ниту која е причината, а на повеќето децата им се вакцинирани.

Поднесов барање за мојата три годишна ќерка уште претходната година. И по цела година сеуште немам одговор, раскажува мајка од Неготино.

Родителите од Прилеп и Тетово се жалат дека околу приближно околу 800 деца, или 300 во Тетово, а во 500 чекаат да се запишат во градинка во Прилеп.

Пред околу две години новите локални власти во Куманово ветија најламку две нови градинки. Во меѓувреме има една нова, но тоа целосно не го решава проблемот.

Ние како граѓани не ги добивме, и сеуште немаме информација дали мојот двегодишен син ќе биде примен во градинка, иако се поднесени документи, вели загрижен родител.

Овие податоци само покажува дека пренатрупеност во градинките е голема и немаат доволно капацитет за да сите деца бидат соодветно згрижени.

И додека сето ова се случува министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска надлежна за овој дел, наместо акцент на нејзината проблематика таа ќе се занимава со партиски функции.

На вчерашниот Централен одбор на СДСM, Царовска беше назначена за еден од потпретседателите на СДСM.

Промовирани огласи »

Доколку имате желба да бидете дел од интернационална компанија, ова е можност за Вас! Мотиви за потребите на свој клиент бара DIGITAL TRADE ASSISTANT: https://kariera.mk/job/4bEEnbGup0G9QPsx0SvDSQ/digital-trade-assistant

SnapStack Solutions за својот тим во Скопје вработува SALES CONSULTANT / SALES MANAGER: https://kariera.mk/job/7OIs332n4UyKQiBa2VdvYw/sales-consultant-sales-manager

Една од водечките фармацевтски компании во Европа, има потреба од МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК за Тетово, Гостивар, Кичево и Струга: https://kariera.mk/job/czujbekgJk6ngOsA28fO-g/medical-representative

Плата од 24.000 денари! Кинески ресторан Star Ocean со отворени работни места за КЕЛНЕР и ШАНКЕР НА БИФЕ СО ГОТОВА ХРАНА: https://kariera.mk/company/KArS5BbKf029yKX1hrUXsg/shin-hai

Qpick има потреба од DATA ANALYST: https://kariera.mk/job/0rfMnviWSUCq4iZ5Dl49bA/data-analyst

Даути комерц со отворени 6 работни места: https://kariera.mk/company/ITWwgEguYUK3Gtaibkg77A/dauti-komerc

Sport Vision има потреба од ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ во Гостивар и Скопје: https://kariera.mk/company/YSSTYf9M2EG_21YdGYl-Ww/sport-vision-dooel-skopje

Промовирани огласи »

Ќе се подобри ли статусот на пензионерите? Така барем најавуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Имено, се најавува скок на минималната пензија за 36 денари, додека просечната се очекува да се зголеми за 63 денари.

Ако се споредат податоците од 2016 година пензиите тогаш изнесуваа 13 754 денари додека во 14 530 денари достигнаа во 2019.

Промовирани огласи »

Ова е третата година по ред во која во октомври се очекува нов бран на позитивна енергија. Минатата година во Скопје над 1.600 учесници излегоа на булеварот. Илинден во склоп на Skopje Run 10K. Организатор повторно е тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.

Секој заинтересиран може да се пријави од денес, 22. август 2019, после 10 часот. Тие кои ќе се пријават во првите 2 дена, 22. и 23. август 2019, ќе може да го одберат својот стартен број. Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6. октомври 2019 во 09.00 часот. Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.

За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »