Во знак на одбележувањето на 8-ми Март, Меѓународниот ден на жените, ширум Соединетите Американски Држави ќе биде организиран штрајк во рамките на кампањата „Ден без жените“, со цел да се поттикнат жените на еден ден да се воздржат од платената и неплатената работа и шопингот, и во знак на солидарност да носат црвено.
Главната цел на ова случување е нагласувањето на виталната улога која жените ја имаат како во глобалната, така и во домашната економија. Иако е уште рано за проценка на влијанието на овој потег врз општеството и економијата на САД, „Центарот за американски прогрес“ (CAP) направи проекција која покажува дека: Доколку сите вработени жени на само еден ден, симболично 8-ми март, заминат од работа, тоа би ги чинело САД 21 милијарда долари.
За да дојдат до тој број, аналитичарите користеле податоци од БДП, износот на просечните плати на жените и бројот на часови на работа. Така дошле до податокот дека жените годишно во американскиот БДП придонесуваат со 7,6 трилиони долари, а кога би била опфатена и неплатената работа, односно обавувањето на домашните задачи, БДП на Соединетите Американски Држави би пораснал за дури 26 проценти.
Сите овие резултати во помала или поголема мера можат да се пресликаат и на повеќето земји во светот, па останува само да се запрашаме: Каков би бил ефектот кога сите жени во светот, околу 3,7 милијарди жени, само на еден ден ги бојкотираат сите свои работи и обврски? Сигурно огромен!
Среќен 8-ми Март!