Промовирани огласи »

Рабодавците во Исланд наскоро ќе бидат приморани да докажат дека даваат исти плати за работа. Оваа европска земја сака да ја елиминира дискриминацијата на жените и малцинствата.

Исландската влада планира да донесе закон во парламентот, за кој има поддршка од двете страни на коридорот. Кога ќе се примени, компаниите со персонал од повеќе од 25 луѓе ќе треба да приложат доказ дека вработените кои ја работат истата работа се платени фер без разлика на расата, родот, сексуалноста, или националноста.

Жените кои работат во Исланд моментално заработуваат 14 до 18 проценти помалку од мажите. И покрај очигледниот дисбаланс, нацијата се смета за лидер во родовата еднаквост. Во САД на пример, овој јаз е 20% - а е уште поголем за афро-американските жени.

Исланд е првата земја што ќе ги натера работодавците да понудат доказ за нивните тврдења за фер плати.

Промовирани огласи »

Кога останала без работа Зијада Ислиќ од Теравник пред 21. година копала по контејнери за да го прерани своето семејство. Денеска е сопственичка на успешна семејна фирма Еко индустриски отпад со 15 вработени. 

На местот каде сега е седиштето на фирмата имало депонија од која оваа упорна жена со своето семејство ја направила во успешна фирма која може да биде пример на многумина. За Федерацијата денеска гордо зборува за почетоците.

Многу ми се смееја, мене никогаш не ми беше срам, срам ми беше да крадам и да сум крадец, изјавила жената.

Тоа што за многумина било губре за Зијада  и нејзиноото семејство било капитал со кое трпеливо граделе. Денеска стакло, пластика, ткаенина и хартија се откупува од 17 комунални препријатија.

Денеска тоа е производ број еден, кој е многу баран на европскиот пазар, вели Зијада. 

Промовирани огласи »

Во знак на одбележувањето на 8-ми Март, Меѓународниот ден на жените, ширум Соединетите Американски Држави ќе биде организиран штрајк во рамките на кампањата „Ден без жените“, со цел да се поттикнат жените на еден ден да се воздржат од платената и неплатената работа и шопингот, и во знак на солидарност да носат црвено.

Главната цел на ова случување е нагласувањето на виталната улога која жените ја имаат како во глобалната, така и во домашната економија. Иако е уште рано за проценка на влијанието на овој потег врз општеството и економијата на САД, „Центарот за американски прогрес“ (CAP) направи проекција која покажува дека: Доколку сите вработени жени на само еден ден, симболично 8-ми март, заминат од работа, тоа би ги чинело САД 21 милијарда долари.

За да дојдат до тој број, аналитичарите користеле податоци од БДП, износот на просечните плати на жените и бројот на часови на работа. Така дошле до податокот дека жените годишно во американскиот БДП придонесуваат со 7,6 трилиони долари, а кога би била опфатена и неплатената работа, односно обавувањето на домашните задачи, БДП на Соединетите Американски Држави би пораснал за дури 26 проценти.

Сите овие резултати во помала или поголема мера можат да се пресликаат и на повеќето земји во светот, па останува само да се запрашаме: Каков би бил ефектот кога сите жени во светот, околу 3,7 милијарди жени, само на еден ден ги бојкотираат сите свои работи и обврски? Сигурно огромен!

Среќен 8-ми Март!

Промовирани огласи »

Французинка, Американка и Италијанка се меѓу дамите со милијарди на лични сметки.

Најбогатата жена во светот има моќ од 36.1 милијарда долари. Ова го пишува “Форбс”, кој го објавува и најновото рангирање на жените-милијардери во 2016 година. На чело останува Французинката Лилиан Бетанкур, сопственичката на компанијата “Л’Ореал”. Второто место е за Елис Волтон, која има 32,2 милијарди долари на лична сметка.

Тоа е и дамата со најголем скок во рангот, бидејќи само пред една година наследничката на корпорацијата Wal-Mart Stores беше само на 16-то место на листата. Третото место е за наследничка на корпорацијата “Марс” Жаклин Марс. Според “Форбс” има 23,4 милијарди долари.

Топ 10 на најбогатите дами во светот завршува со Италијанката Максимилијан Алеоти која има средства проценети на 10,1 милијарда долари.

Група од девет жени кои доаѓат од седум региони, северноамериканскиот, европскиот, пацифичкиот, азијскиот, латиноамериканскиот и блискоисточниот регион, заедно располагаат со неверојатни 114,6 милијарди долари.

Според листата која што ја направи специјализираната компанија „Velt-X“, на првото место е Кристи Волтон (59), вдовицата на Џон Т.Волтон, инаку син на основачот на американската компанија „Волмарт“.

Нејзиното богатство се проценува на дури 39,9 милијарди долари, а „Форбс“ во 2013 година ја прогласи за шестто најбогато лице во САД. Нејзиното богатство потекнува од акциите кои што ги има во „Волмарт“, но и во компанијата „Ferst solar“. Ианку таа веќе седум пати се најде на првата позиција на листата на најбогати жени на планетава.

Второто место и припадна на сопственичката на компанијата „Лореал“, Французинката Лилијан Бетенкур (92). Таа благодарение на наследството од татко и Ежен Шулер, основачот на „Лореал“, но и од средства кои ги заработила откако компанијата стана водечка во светот на козметиката поседува 31,3 милијарди долари.

Џина Рајнхарт од Австралија е најбогатата жена во пацифичкиот регион, но и во светот, а во еден момент според вредноста на својот имот се приближи и до првопласираната Кристи Волтон.

Сепак нејзиното богатство сега се проценува на 14,9 милијарди долари, кои ги наследила благодарение на бизнисот со рудници, кој го започнал нејзиниот татко Ланг Хенкок. Освен што продолжила да работи со наследениот бизнис, таа е и медиумски маг бидејќи стана сопственичка на „Ферфакс медиуми“.

Во групата најбогати жени се најдоа и сестрите Ванеса Паола Слим Хаџ, Марија Соумаја Слим де Ромери и Џоана Слим Ајуб кои што се ќерки на мексиканскиот бизнисмен, инвеститор и милијардер Карлос Слим. Според податоците секоја од нив поседува богатство од по 6,3 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »