Промовирани огласи »

Французинка, Американка и Италијанка се меѓу дамите со милијарди на лични сметки.

Најбогатата жена во светот има моќ од 36.1 милијарда долари. Ова го пишува “Форбс”, кој го објавува и најновото рангирање на жените-милијардери во 2016 година. На чело останува Французинката Лилиан Бетанкур, сопственичката на компанијата “Л’Ореал”. Второто место е за Елис Волтон, која има 32,2 милијарди долари на лична сметка.

Тоа е и дамата со најголем скок во рангот, бидејќи само пред една година наследничката на корпорацијата Wal-Mart Stores беше само на 16-то место на листата. Третото место е за наследничка на корпорацијата “Марс” Жаклин Марс. Според “Форбс” има 23,4 милијарди долари.

Топ 10 на најбогатите дами во светот завршува со Италијанката Максимилијан Алеоти која има средства проценети на 10,1 милијарда долари.

Група од девет жени кои доаѓат од седум региони, северноамериканскиот, европскиот, пацифичкиот, азијскиот, латиноамериканскиот и блискоисточниот регион, заедно располагаат со неверојатни 114,6 милијарди долари.

Според листата која што ја направи специјализираната компанија „Velt-X“, на првото место е Кристи Волтон (59), вдовицата на Џон Т.Волтон, инаку син на основачот на американската компанија „Волмарт“.

Нејзиното богатство се проценува на дури 39,9 милијарди долари, а „Форбс“ во 2013 година ја прогласи за шестто најбогато лице во САД. Нејзиното богатство потекнува од акциите кои што ги има во „Волмарт“, но и во компанијата „Ferst solar“. Ианку таа веќе седум пати се најде на првата позиција на листата на најбогати жени на планетава.

Второто место и припадна на сопственичката на компанијата „Лореал“, Французинката Лилијан Бетенкур (92). Таа благодарение на наследството од татко и Ежен Шулер, основачот на „Лореал“, но и од средства кои ги заработила откако компанијата стана водечка во светот на козметиката поседува 31,3 милијарди долари.

Џина Рајнхарт од Австралија е најбогатата жена во пацифичкиот регион, но и во светот, а во еден момент според вредноста на својот имот се приближи и до првопласираната Кристи Волтон.

Сепак нејзиното богатство сега се проценува на 14,9 милијарди долари, кои ги наследила благодарение на бизнисот со рудници, кој го започнал нејзиниот татко Ланг Хенкок. Освен што продолжила да работи со наследениот бизнис, таа е и медиумски маг бидејќи стана сопственичка на „Ферфакс медиуми“.

Во групата најбогати жени се најдоа и сестрите Ванеса Паола Слим Хаџ, Марија Соумаја Слим де Ромери и Џоана Слим Ајуб кои што се ќерки на мексиканскиот бизнисмен, инвеститор и милијардер Карлос Слим. Според податоците секоја од нив поседува богатство од по 6,3 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Постарите сигурно паметат, а младите можеби се присетуваат на тие моменти кога имаше прекин на програмата, се слушаа ужасни пиштења, а на екранот на телевизорот се појавуваа необични шарени квадрати, правоаголници. 

Се верувало дека сопствениците на телевизиите не сакаат нешто да видиме па тоа тоа го пуштаат, меѓутоа, знаете навистина за што служи? 

Разнобојните форми во круг, квадрати и правоаголници кои се пратени од еднолично пиштење се вика тест карта или тест шаблон. Овој телевизиски тест сигнал воглавно се емитува во моменти која трансмитерот е активен, но не емитува програма, ова се случуваше во ерата кога телевизискиот програм не се емитуваше 24 часа.

Промовирани огласи »

Во земјите членки на ЕУ жените примаат во просек за 16,3 отсто помали плати од нивните машки колеги, а во некои држави тие се пониски и за над 20 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

Според овие податоци, во 2015 година во поголемиот број земји членки на ЕУ, меѓу кои се и Бугарија, Летонија, Португалија, Словачка, Финска и Франција, платите на жените се за 15 до 20 проценти пониски од оние на мажите.

Најмали разлики во платите од 5,5 проценти има во Луксембург и Италија, додека лични примања со најголема разлика во полза на мажите има во Естонија – 27 отсто, во Чешка, Австрија и Германија – по 22 проценти и во Велика Британија – 21 отсто.

Податтоците на Евростат покажуваат дека за секое едно евро што ќе го заработат мажите, нивните колешки за истата работа добиваат по 84 евро центи.

Нееднаквоста меѓу мажите и жените на пазарот на трудот во ЕУ не постои само во висината на платите, туку и во раководните позиции што ги заземаат. Така, во 2015 година само една третина од менаџерите во ЕУ биле жени, иако припадничките на понежниот пол учествуваат со 43 отсто во вкупната работна сила.

Ова е посебно видливо во секторите администрација, трговија и услуги каде две третини од вработените се жени, но мнозинството шефови се мажи.

Разлики има и во стапката на вработеност меѓу мажите и жените во земјите членки на ЕУ. Така во Малта вработени се 80 проценти од мажите и само 50 отсто од жените, што значи дека разликата во стапката на вработеноста изнесува 30 проценти.

Оваа разлика во Италија изнесува 20 отсто, а во Грција – 19 проценти. Најмала разлика во вреботеноста меѓу мажите и жените има во Литванија и Финска од по околу три отсто и во Шведска од пет проценти.

Промовирани огласи »

Во 2016 година во Македонија е увезено сечено свежо цвеќе во вредност од 998,229 евра, од што вредноста на увезените свежи рози изнесува 497,514 евра, соопшти државниот Завод за статистика.

Земји од кој најмногу се увезувале свежи рози се Еквадор, Холандија и Колумбија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »