Промовирани огласи »

Поранешниот ВИП Оператор кој од неодамна се ребрендираше во А1 Македонија ја претставува електро-поп иконата Róisín Murphy на концерт на платото пред А1 Арена.

На настапот ќе настапат и Каролина Гочева заедно со Македонската филхармонија, популарниот македонски поп пејач, Влатко Лозановски и бендот Фенг Шуи. 

Концертот ќе се одржи на 14 септември со почеток од 20 часот, а влезот е бесплатен. 

Промовирани огласи »

Новоизграденото општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Општина Центар денеска и официјално е пуштено во употреба, со свеченост  и пригодна програма во присуство на премиерот Зоран Заев, министри во Владата и општинското раководство.

Овој пример на Општина Центар треба да се следи и од другите локални самоуправи.  И вака ќе бидеме и како централна власт, но и како локална власт во иста насока за постигнување на заедничката цел, а тоа е квалитетен национален образовен систем, поквалитетно образование, подобри образовни инфракструктурни услови за сите и постигнување на што повеќе поголеми и попозитивни резултати, рече на свеченоста министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Училиштето почна да се гради во 2016 година, а изведбата на проектот е во вредност од 5,5 милиони евра. Изградено е  на површина од 12.100 квадратни метри, со дворна површина од 4.100 квадратни метри.  Има 21 училница, со акустика на простор, седум специјализирани кабинети за предметна настава,спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Името на училиштето  Киро Глигоров според првиот претседател на држвава е избор на граѓаните преку анкета, по што согласност даде и Советот на општината.

Промовирани огласи »

Најбогатиот Албанец, Васил Наци, основач и сопственик на „Агна Груп“, чие богатство се проценува над 600 милиони долари, же биде еден од панелистите на Балканскиот претприемачки самит, што ќе се одржи на 13 септември 2019 година во Хотелот „Хилтон“ во Скопје, објави Стопанската комора на Македонија.

Васил Наци поседува 34% од акциите на „Агна Груп“, компанија која се занимава со увоз и извоз на индустриски производи и храна, материјали за градежништво, земјоделски производи, производство и продажба на алкохолни пијалаци, како и дистрибуција, продажба и транспорт.

Покрај „Агна“, Наци исто така поседува 27% од акциите на компанијата за увоз и извоз „Алфа“, 34% од „Албартекс“, компанија која се занимава со продажба на големо на различни производи, како и 17% од „Платеа“, компанија која се занимава со градежништво, како И дистрибуција на печатени весници и маркетинг. Исто така, Наци поседува и 4% од Банката Сосиете Женерал со седиште во Албанија.

Но малкумина знаат дека овој балкански магнат е познат по уникатниот начин на кој раководи со вработените. Сите вработени во „Агна“ мора да поминат низ Академијата за лидерство на „Агна“ за која програмата и книгите ги има напишано токму тој. Секоја година Васил одржува и неколкудневен семинар во Тирана на кој го пренесува своето знаење и искуство.

На покана на Центарот за бизнис образование Creative Hub и Стопанска комора на Македонија, Васил Наци ќе одржи говор на тема „Градење на успешен балкански бренд“. Центарот за бизнис образование Creative Hub ќе отвори центар и во Тирана.

Над 250 учесници на Самитот ќе имаат прилика да учествуваат на панел дискусии, презентации, разговори со голем број домашни и странски говорници како: Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот форум во Давос, Акаш Мехта, глобалниот директор на дигитален маркетинг на „Диор“, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во „Постскриптум вентурес“ и многу други.

Промовирани огласи »

Македонија има рок до крајот на годината да ја усогласи законската регулатива со директивите на ЕУ, со кои, меѓу другото, се предвидува подготовка на нов закон со кој ќе се овозможи зелениот картон да се спои со полисата за автоодговорност, но како што оценуваат упатените, најверојатно и тој рок нема да биде испочитуван.
Имено, насоките од ЕУ се да се направат што поскоро ваквите законски измени со кои се предвидува сите возила при регистрацијата да добиваат и зелен картон. Очекувањата се дека ваквите промени би довеле до намалување на цената, односно либерализација на цената за полисата за автоодговорност, но за да се случи тоа, зелениот картон ќе мора да го плаќаат сите при регистрација, и оние што патуваат и оние што не патуваат во странство.

Податоците од осигурителните компании покажуваат дека во Македонија има 530 илјади осигурени возила, а годишно осигурителните компании издаваат меѓу 100.000 и 130.000 зелени картони, што значи дека на 400.000 возила не им е потребен зелен картон, но со овие измени ќе мораат и тие да го поседуваат.

– Генерално гледано патувам во странство еднаш во годината, обично кога одам на одмор и тогаш вадам зелен картон со рок на траење од еден месец за што плаќам 1.850 денари бидејќи имам помало возило. Мислам дека треба да се намали цената и да биде како во соседните земји, каде што за 10 евра се добива зелен картон што важи цела година. Точно е дека има некој што воопшто не оди во странство, но ако во Европа така е регулирано секаде, тогаш и ние треба да се приспособиме – вели Дарко Атанасов, комерцијалист од Скопје.

Тој додава дека би било подобро да се намали цената на полисите за автоодговорност, со што тие дополнителни десетина евра за зелениот картон никој не би ги почувствувал при регистрацијата.
Според насоките од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, она што треба да се направи во насока на усогласување со европските директиви е зелениот картон да стане дел од полисата за автоодговорност што ќе ја добива секое возило при регистрацијата.

Тие како важен сегмент го наведуваат и либерализирањето на пазарот во делот на слободно формирање на цената за автоодговорност од страна на осигурителните компании.
Од Националното биро за осигурување велат дека засега нема никакви најави за промена во делот на издавањето на зелениот картон.


Нема никакви промени. И покрај најавите дека до крајот на годината Македонија ќе треба да ја усогласи законската регулатива со директивите на ЕУ, засега немаме добиено никакви насоки за евентуална промена. Но тоа не значи дека не би можело да се случи во скоро време – велат од Националното биро за осигурување.

Според нив, земјава и натаму не е потписничка на Мултилатералниот договор за осигурување од автоодговорност бидејќи треба да исполни повеќе обврски, иако претходно една од пречките беше и проблемот за името.


Покрај проблемот за името, кој сега е решен, има уште многу други работи што треба да се завршат за да може да потпишеме мултилатерален договор. Како една од главните обврски е либерализацијата на пазарот во делот на осигурувањата од автоодговорност – додаваат од Националното биро за осигурување.
Во моментот во Македонија зелениот картон претставува посебна полиса и ја плаќаат оние што со возило патуваат во странство, а цената варира во зависност од периодот за кој се вади, како и од зафатнината на возилата.

Сопствениците на возила до 66 киловати за зелен картон со важност од еден месец плаќаат 1.850 денари, додека за годишен картон треба да издвојат 3.690 денари. Оние со возила над 66 киловати, за едномесечен зелен картон плаќаат 3.075 денари, додека за годишен 5.536 денари.

Зелениот картон, односно зелената карта за осигурување е меѓународна исправа со која се потврдува поседувањето осигурување од автоодговорност. Со овој образец се докажува дека возилото поседува осигурително покритие за време на неговата употреба во странство и при евентуалните штети што се направени при управувањето со возилото.
Македонија не е потписничка на Мултилатералниот договор, што претставува формален договор на еден број земји за меѓусебно проширување на територијалната важност на осигурувањето од автоодговорност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »