Промовирани огласи »

Најбогатиот Албанец, Васил Наци, основач и сопственик на „Агна Груп“, чие богатство се проценува над 600 милиони долари, же биде еден од панелистите на Балканскиот претприемачки самит, што ќе се одржи на 13 септември 2019 година во Хотелот „Хилтон“ во Скопје, објави Стопанската комора на Македонија.

Васил Наци поседува 34% од акциите на „Агна Груп“, компанија која се занимава со увоз и извоз на индустриски производи и храна, материјали за градежништво, земјоделски производи, производство и продажба на алкохолни пијалаци, како и дистрибуција, продажба и транспорт.

Покрај „Агна“, Наци исто така поседува 27% од акциите на компанијата за увоз и извоз „Алфа“, 34% од „Албартекс“, компанија која се занимава со продажба на големо на различни производи, како и 17% од „Платеа“, компанија која се занимава со градежништво, како И дистрибуција на печатени весници и маркетинг. Исто така, Наци поседува и 4% од Банката Сосиете Женерал со седиште во Албанија.

Но малкумина знаат дека овој балкански магнат е познат по уникатниот начин на кој раководи со вработените. Сите вработени во „Агна“ мора да поминат низ Академијата за лидерство на „Агна“ за која програмата и книгите ги има напишано токму тој. Секоја година Васил одржува и неколкудневен семинар во Тирана на кој го пренесува своето знаење и искуство.

На покана на Центарот за бизнис образование Creative Hub и Стопанска комора на Македонија, Васил Наци ќе одржи говор на тема „Градење на успешен балкански бренд“. Центарот за бизнис образование Creative Hub ќе отвори центар и во Тирана.

Над 250 учесници на Самитот ќе имаат прилика да учествуваат на панел дискусии, презентации, разговори со голем број домашни и странски говорници како: Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот форум во Давос, Акаш Мехта, глобалниот директор на дигитален маркетинг на „Диор“, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во „Постскриптум вентурес“ и многу други.

Промовирани огласи »

Македонија има рок до крајот на годината да ја усогласи законската регулатива со директивите на ЕУ, со кои, меѓу другото, се предвидува подготовка на нов закон со кој ќе се овозможи зелениот картон да се спои со полисата за автоодговорност, но како што оценуваат упатените, најверојатно и тој рок нема да биде испочитуван.
Имено, насоките од ЕУ се да се направат што поскоро ваквите законски измени со кои се предвидува сите возила при регистрацијата да добиваат и зелен картон. Очекувањата се дека ваквите промени би довеле до намалување на цената, односно либерализација на цената за полисата за автоодговорност, но за да се случи тоа, зелениот картон ќе мора да го плаќаат сите при регистрација, и оние што патуваат и оние што не патуваат во странство.

Податоците од осигурителните компании покажуваат дека во Македонија има 530 илјади осигурени возила, а годишно осигурителните компании издаваат меѓу 100.000 и 130.000 зелени картони, што значи дека на 400.000 возила не им е потребен зелен картон, но со овие измени ќе мораат и тие да го поседуваат.

– Генерално гледано патувам во странство еднаш во годината, обично кога одам на одмор и тогаш вадам зелен картон со рок на траење од еден месец за што плаќам 1.850 денари бидејќи имам помало возило. Мислам дека треба да се намали цената и да биде како во соседните земји, каде што за 10 евра се добива зелен картон што важи цела година. Точно е дека има некој што воопшто не оди во странство, но ако во Европа така е регулирано секаде, тогаш и ние треба да се приспособиме – вели Дарко Атанасов, комерцијалист од Скопје.

Тој додава дека би било подобро да се намали цената на полисите за автоодговорност, со што тие дополнителни десетина евра за зелениот картон никој не би ги почувствувал при регистрацијата.
Според насоките од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, она што треба да се направи во насока на усогласување со европските директиви е зелениот картон да стане дел од полисата за автоодговорност што ќе ја добива секое возило при регистрацијата.

Тие како важен сегмент го наведуваат и либерализирањето на пазарот во делот на слободно формирање на цената за автоодговорност од страна на осигурителните компании.
Од Националното биро за осигурување велат дека засега нема никакви најави за промена во делот на издавањето на зелениот картон.


Нема никакви промени. И покрај најавите дека до крајот на годината Македонија ќе треба да ја усогласи законската регулатива со директивите на ЕУ, засега немаме добиено никакви насоки за евентуална промена. Но тоа не значи дека не би можело да се случи во скоро време – велат од Националното биро за осигурување.

Според нив, земјава и натаму не е потписничка на Мултилатералниот договор за осигурување од автоодговорност бидејќи треба да исполни повеќе обврски, иако претходно една од пречките беше и проблемот за името.


Покрај проблемот за името, кој сега е решен, има уште многу други работи што треба да се завршат за да може да потпишеме мултилатерален договор. Како една од главните обврски е либерализацијата на пазарот во делот на осигурувањата од автоодговорност – додаваат од Националното биро за осигурување.
Во моментот во Македонија зелениот картон претставува посебна полиса и ја плаќаат оние што со возило патуваат во странство, а цената варира во зависност од периодот за кој се вади, како и од зафатнината на возилата.

Сопствениците на возила до 66 киловати за зелен картон со важност од еден месец плаќаат 1.850 денари, додека за годишен картон треба да издвојат 3.690 денари. Оние со возила над 66 киловати, за едномесечен зелен картон плаќаат 3.075 денари, додека за годишен 5.536 денари.

Зелениот картон, односно зелената карта за осигурување е меѓународна исправа со која се потврдува поседувањето осигурување од автоодговорност. Со овој образец се докажува дека возилото поседува осигурително покритие за време на неговата употреба во странство и при евентуалните штети што се направени при управувањето со возилото.
Македонија не е потписничка на Мултилатералниот договор, што претставува формален договор на еден број земји за меѓусебно проширување на територијалната важност на осигурувањето од автоодговорност.

Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4.13 %, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 1.92 %.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.19 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 944, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Промовирани огласи »

Цената на биткоинот (BTC) се зголеми во текот на изминатите неколку дена и повторно го надмина прагот од 10.000 долари.

На 28 август, биткоинот во текот на половина час падна за 600 долари, спуштајќи се под нивото од 10.000 долари, а на 29 август се спушти на неделен минимум од 9,632 американски долари. Цената оттогаш полека се опоравува и во моментов на пишување на веста се тргува на ниво од 10.099 американски долари што претставува раст од 5,2 проценти во рок од 24 часа, според податоците на Coin360.

Минатата недела, инвеститорот на криптовалути и основач на Galaxy Digital, Мајкл Новограц, изјави дека биткоинот е во фаза на консолидација, предвидувајќи дека претстојното учество на институционалните инвеститори во крипто просторот ќе поттикне иден раст. Изјави: „Биткоинот ја започна годината со 3.800 долари, а се тргуваше до 3.500 долари, а сега е 10.200 долари, што претставува раст од 200 проценти. Расте многу, па мислам дека ова е кратка консолидација“.

BAkkt-ов ефект на цената на биткоинот

Од трговската платформа на BAkkt неодамна најавија дека ќе почнат со прифаќање на депозити за своите кастоди услуги Bakkt Warehouse на 6 септември. Тргувањето на платформата ќе започне на 23 септември.

Аналитичарите не се сигурни како тргувањето со биткоин фјучерси на Bakkt платформата ќе влијае на цената на биткоин. Биткоин фјучерсите на CME и CBOE предизвика пад на пазарот во 2018 година, според поединци.

Терминските договори на BAkkt се подмирени во биткоин, што значи дека инвеститорите ќе добијат BTC на своите сметки по порамнувањето, а не долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »