Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4.13 %, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 1.92 %.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.19 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 944, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Промовирани огласи »

Цената на биткоинот (BTC) се зголеми во текот на изминатите неколку дена и повторно го надмина прагот од 10.000 долари.

На 28 август, биткоинот во текот на половина час падна за 600 долари, спуштајќи се под нивото од 10.000 долари, а на 29 август се спушти на неделен минимум од 9,632 американски долари. Цената оттогаш полека се опоравува и во моментов на пишување на веста се тргува на ниво од 10.099 американски долари што претставува раст од 5,2 проценти во рок од 24 часа, според податоците на Coin360.

Минатата недела, инвеститорот на криптовалути и основач на Galaxy Digital, Мајкл Новограц, изјави дека биткоинот е во фаза на консолидација, предвидувајќи дека претстојното учество на институционалните инвеститори во крипто просторот ќе поттикне иден раст. Изјави: „Биткоинот ја започна годината со 3.800 долари, а се тргуваше до 3.500 долари, а сега е 10.200 долари, што претставува раст од 200 проценти. Расте многу, па мислам дека ова е кратка консолидација“.

BAkkt-ов ефект на цената на биткоинот

Од трговската платформа на BAkkt неодамна најавија дека ќе почнат со прифаќање на депозити за своите кастоди услуги Bakkt Warehouse на 6 септември. Тргувањето на платформата ќе започне на 23 септември.

Аналитичарите не се сигурни како тргувањето со биткоин фјучерси на Bakkt платформата ќе влијае на цената на биткоин. Биткоин фјучерсите на CME и CBOE предизвика пад на пазарот во 2018 година, според поединци.

Терминските договори на BAkkt се подмирени во биткоин, што значи дека инвеститорите ќе добијат BTC на своите сметки по порамнувањето, а не долари.

Промовирани огласи »

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и лидер на авио-пазарот во Македонија,  денеска го објави својот еднодневен промотивен попуст од 20% на цената по седиште, за сите резервации на летови кои ќе бидат направен денес, 4септември, до полноќ. Попустот важи за сите резервации направени денес и се однесува на било која од од 149те WIZZ дестинации.

Во Македонија, Wizz Air нуди вкупно 38 правци до 16 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко,  овозможувајќи  бизнис и останати патувања.

Само оваа година, WIZZ започна да оперира на 4 нови дестинации од Скопје до: Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку, како и 4 нови дестинации од Охрид до: Малме, Милано, започнато во Март 2019, Дортмунд започнато на почетокот на Јули и Меминген во Август.

Промовирани огласи »

Фирмата БУЈОТО има потреба од ПРОЕКТАНТ/ДИЗАЈНЕР НА МЕБЕЛ, со или без работно искуство: https://kariera.mk/job/JStaLfBzEUG79nHMhc8MBA/proektant-dizajner-na-enterieri

MELLON GROUP вработува ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР за во својата канцеларија во Скопје: https://kariera.mk/job/oL3sGMGYyU6Jkv4L9d4X9g/it-system-engineer

ФЕНИКС ФАРМА Ве повикува да се приклучите на нивниот тим на работно место СОРАБОТНИК ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ: https://kariera.mk/job/UXI7ElppwEOIa6EyOVSp_Q/sorabotnik-za-chovechki-resursi

РОЈАЛ Васе има потреба од вработување на ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК: https://kariera.mk/job/8XJvFeJdOk6OJQXB68pHpA/diplomiran-pravnik

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА вработуваат АВТОЛАКЕР – ПРИПРЕМАЧ: https://kariera.mk/job/a89-AQbt_EK9R4DgScEeZA/avtolaker-pripremach

Марек Инженеринг, лидер во развој на “ERP” софтвер има потреба од 1 ПРОГРАМЕР: https://kariera.mk/job/9zN46A6P6UmFRTcs8e98fg/programer-na-neopredeleno-vreme

Хотел Мола - Скопје има потреба од: 2 Рецепционери и Собарка/хигиеничарка: https://kariera.mk/job/Q9ZdmOY_HkeIfu6-GRiDjA/recepcioneri-i-sobarka

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »