СОРАБОТНИК ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

PHOENIX Group е реномирана мултинационална компанија која им нуди единствени и сеопфатни здравствени услуги на фармацевтските производители, аптеките, болниците и пациентите, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија во 27 земји ширум Европа.

Членки на групацијата PHOENIX на пазарот во Македонија се ФЕНИКС Фарма, како водечки дистрибутер кој се грижи фармацевтските производи да бидат на вистинско место и во вистинско време, и ЕЛ Фарма која нуди услуги како ексклузивно застапништво на реномирани фармацевтски производители. 

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате  позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

СОРАБОТНИК  ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Обврски и одговорности:

  • Имплементација на корпоративните активности, процеси и процедури поврзани со човечки ресурси
  • Следење на организационите промени, креирање на месечни и периодични извештаи
  • Спроведување на постапки за регрутација, селекција и вработување според планот и потребите на организацијата
  • Кадровска евиденција и администрација на вработените, одржување на базата на вработени и нивните досиеја
  • Подготовка и реализација на планот за обука и развој
  • Учество во регионални проекти за човечки ресурси

 

Потребни квалификации:

  • VII степен
  • Искуство во човечки ресурси 
  • Познавање на Закон за работни односи
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Одлични организациски и комуникациски способности

 

 

 

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, пратета ја својата пријава  на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »