Промовирани огласи »

На 19ти Септември 2019 година во Скопје по втор пат ќе се одржи водечкиот светски настан од областа на ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ. 

Со свои презентации ќе се претстават некои од светските водечки HR експерти. Учесниците ќе имаат можност подобро да го разберат постојаното менување на денешните трендови во областа на човечките ресурси, како и да го подготват својот тим за нови начини на работа и учење.

Ќе учите од БРИЛИЈАНТНИ ГОВОРНИЦИ, односно експерти за човечки ресурси од реномирани компании како Facebook, Gazprom, Beiersdorf, Molnlycke и други. Ќе се одржат суштински сесии и работилници кои не само што ќе Ви помогнат да останете во чекор со последните трендови за раководење со човечки ресурси, туку ќе Ви дадат и практични совети кои ќе можете да ги искористите во Вашата стратегија за раководење со човечки ресурси. Ќе имате можност за ПРОДУКТИВНО ВМРЕЖУВАЊЕ - никогаш не знаете со какви инспирации, партнерства или деловни зделки ќе си заминете од HR самитот.

Говорници: 

Во Септември 2017 година, успешно беше одржан првиот Global HR Summit Скопје, организиран од P World со ексклузивно партнерство на KARIERA.mk. Преку 200 делегати научија повеќе за креирањето на лидерски особини од врвните светски предавачи. 

Доколку сте заинтересирани за иднината на раководењето со човечки ресурси, РЕЗЕРВИРАЈТЕ го Вашето присуство ТУКА. 

Настанот е организиран од P WORLD,  со ексклузивно партерство на KARIERA.mk.

Промовирани огласи »

Милијардерот Џек Ма, долго време е отворен заговореник на екстремната кинеска работна култура и вели дека луѓето би требало да работат само 12 часа неделно. Таквото работно време може да се воведе благодарение на предностите на вештачка интелигенција.

-Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформите во образовните системи-рекол коосновачот на Алибаба Груп Холдинг на глобалната конфернција за вештачка интелигенција одржана во Шангај.Ма ја навел електричната енергија како пример за развој на технологијата дека може да даде простор за слободно време.

Моќта на електричната енерија е во тоа што на луѓето им дава повеќе време така да можете навечер да одите на караоке или танц. Мислам дека луѓето поради вештачката интелигенција ќе имаат уште време да уживаат во животот-рекол Ма.

Во наредните 10, 20 години, секое човечко битие, државата, владата, би требало да се фокусираат на реформата на образовниот систем, осигурувајќи дека нашите деца можат да најдат работа, работа за која се потребни само три дена во неделата, четири часа дневно-посочил Ма.

Ако не го промениме образовниот систем во кој се наоѓаме, сите ќе се најдеме во проблем, предупредил.

Промовирани огласи »

Во еврозоната минатата година, за кога се последните податоци на Евростат, просечната цена на трудот на час изнесувала 27,4 евра, додека во еврозоната била повисока и изнесувала 30,6 евра. Споредбата на сите 28 членки на ЕУ открива голема разлика на цената за час работа, која од земја до земја се движи од 5,4 до 43,5 евра. Најниската цена од 5,4 евра е во Бугарија, која од почетокот на годинава е втора во ЕУ според зголемувањето на трошоците за трудот. Највисоката од 43,5 евра е во Данска

Расте цената на трудот во земјите на Европската Унија. Во првиот квартал од оваа година европската статистичка канцеларија Евростат измерила просечен годишен раст на сатницата на работниците од 2,4 проценти во земјите од еврозоната и од 2,6 проценти во сите членки на Унијата.

Рекордери според растот на цената на трудот пресметана на час во ЕУ се Романија, каде за една година трошоците на работодавците за работниците станале повисоки за 16 проценти и Бугарија, каде се зголемиле за 13 насто. Истовремено, единствено во Грција има мало поевтинување на работничкиот труд од 0,2 процента.

Две главни компоненти според кои Евростат ги прави пресметките за цената на трудот се платите и другите давачки за работниците. Во еврозоната во првото годинешно тримесечје платата за еден час работа пораснала за 2,5 процента, а другата компонента на цената на трудот за 2,2 процента. На ниво на ЕУ растот е 2,7 и 2,1 процент.

Во еврозоната минатата година, за кога се последните податоци на Евростат, просечната цена на трудот на час изнесувала 27,4 евра, додека во еврозоната била повисока и изнесувала 30,6 евра. Споредбата на сите 28 членки на ЕУ открива голема разлика на цената за час работа, која од земја до земја се движи од 5,4 до 43,5 евра. Најниската цена од 5,4 евра е во Бугарија, која од почетокот на годинава е втора во ЕУ според зголемувањето на трошоците за трудот. Највисоката од 43,5 евра е во Данска.

Другите трошоци на работодавците кои се дел од цената на трудот, а не се плата се највисоки во Франција и опфаќаат 32,6 проценти, како и во Шведска, каде изнесуваат 32,3 отсто од вкупните трошоци за трудот.

Македонскиот Државен завод за статистика не прави вакви пресметки, па состојбата со трошоците за еден час труд кај нас и во земјите на ЕУ не може коректно да се спореди. Сепак, некаков индикатор за тоа какви се тие движења кај нас може да биде растот на просечната плата. Таа на државно ниво од месец во месец, и како нето и како бруто сума е сè повисока.

Според последната пресметка, во јуни просечната нето плата по вработен во државата изнесувала 25.205 денари и нејзиниот годишен раст бил 4,1 процент. Истиот месец просечната бруто-плата изнесувала 37.440 денари, а  разликата од нето платата произлегува од придонесите за пензиско, инвалидско, здравствено и осигурување за невработеност, кои се задолжителни.

Најголем е придонесот за задолжителното пензиско осигурување кој изнесува 18 проценти, а работодавците се задолжени да платат уште 7,3 проценти за здравствено осигурување на работниците, половина процент дополнително здравствено осигурување во случај на повреда на работа или професионално заболување и 1,2 процента како осигурување во случај на невработеност.

Годишниот раст на бруто платата која ги опфаќа и сите овие давачки во јуни е поголем отколку на нето платата и изнесува 5,1 процент.

Сепак, ако се направи некаква груба споредба на трошоците за плати во ЕУ и нашата нето плата, излегува дека Данците, каде трудот е најценет, за 10 часа заработуваат цела месечна македонска просечна нето-плата.

Промовирани огласи »

Меѓународниот аеродром Скопје доби наградата за квалитет на аеродромските услуги (Airport Service Quality Award–ASQ) за 2018 година на свеченост во рамки на Глобалниот самит за искуство на клиентите на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI)ACI, кој се одржа во Бали од 2 до 5 месецов.

Анџела Гитенс, генерален директор на ACI World, му ја врачи плакетата за ASQ наградата на Алпер Ерсој, генералниот директор на ТАВ Македонија, концесионерот на  Макѓународниот аеродорм Скопје и аеродормот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.


Оваа награда значи дека скопскиот аеродром е еден од најдобрите аеродроми во Европа во однос на патничкото искуство за 2018 година, во категоријата на аеродроми со помалку од два милиона патници на годишно ниво. Ова е четврти пат како Меѓународниот аеродром Скопје се закитува со наградата ASQ, откако претходно ја доби за 2012, 2013 и за 2015 година. Бидејќи во 2018 година ја надминавме бројката од 2 милиона патници, следната година скопскиот аеродром ќе се натпреварува во друга категорија – аеродроми со сва до пет милиони патници на годишно ниво, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.


Програмата за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) е водечка програма на глобално ниво за аеродромски услуги за патници и референтна точка, што го мери задоволството на патниците низ 37 клучни индикатори за успешност. Се спроведува од страна на сертифицирани агенти за спроведување анкети со патници додека тие се на аеродромот, преку стандардизирани Прашалници за квалитет на аеродромските услуги на ACI.
ТАВ Македонија оперира со Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Преку двата аеродрома во првите осум месеци од  годинава се превезени  1,8 милиони патници (1.774.482), што претставува 12,1 процент годишен пораст, а реализирани се 14.744 летови (9,9 процента годишен пораст).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »